Овде на едно место ги собравме најпознатите брзи диети кои траат од 2 – 5 денови и со кои за максимално кратко време можете да изгубите неколку килограми.
Со овие диети обично за 3 дена се губат околу 3 килограми, додека со дводневните диети се губи околу 1 килограм.
Бидејќи станува збор за ригорозни шок диети не се препорачува да се држат подолго од пропишаното. Не се препорачуваат за лица со здравствени проблеми. Доколку имате какви било здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар пред почнувањето на каква било диета.
Диета со компот
Дводневна диета со која се губат 2 килограми.
Дозволена храна: компот од овошје, кашкавал, бадеми, чај без шеќер
Сварете компот од свежо овошје по избор, без шеќер. Во текот на денот можете да пиете од компотот и да го јадете овошјето од него, да јадете бадеми и кашкавал, во неограничени количини. Водете сметка да не претерате со кашкавалот и бадемите, бидејќи нема да ги постигнете саканите резултати.
Диета со грозје
Се јаде 1-2 килограми грозје секој ден, 2-3 дена. Црното грозје е поздраво и го чисти организмот од наталожените отрови.
Диета со јогурт, портокали и суво грозје
Во текот на диетата храната се зема поделена на пет оброци. Прецизно определете го времето на оброците и внимавајте помеѓу два оброка да поминат најмалку два часа. Со оброкот можете да пиете минерална вода или чај без шеќер.
Во текот на денот можат да се изедат половина литар јогурт или кисело млеко, еден голем портокал и 1 супена лажица суво грозје. Намирниците можат да се јадат посебно или пак сите заедно да се измешаат и да се поделат на 5 оброци. Диетата не смее да се држи подолго од 3 дена.
Диета со јаболки
Во текот на целиот ден се јадат само јаболка, во неограничени количини. Доколку сакате, можете и да ги сварите или испечете, но задолжително со лушпата и без шеќер.
Диета со месо
Сварете 300 гр. немрсно говедско или пилешко месо и посебно 1 кг. компири. Поделете на 3 оброци. Месото и компирот се варат и јадат без сол и без никакви маснотии. Со секој оброк можете да изедете и по 2 јаболки и да испиете по 2 шолји ладен чај засладен со кафеав шеќер.
Диетата се држи 2-3 дена.
Диета со млеко
Дневно се пие 1-2 литри пресно млеко. Диетата може да се држи само неколку денови.
Диета со зеленчук
Оваа диета трае 3 дена и може да се држи еднаш месечно. Оброците не се прецизно утврдени, па можете да јадете кога ќе се почувствувате гладни. Можете да пиете чаеви без шеќер. Во текот на диетата можете да јадете зеленчук, свеж или варен (без сол и масло), во неограничени количини. Дозволен зеленчук: зелена салата, тиквички, модар патлиџан, печурки, цвекло, домати, краставици, ротквици, моркови, кромид, лук, зелка, келераба.
Ако се чувствувате многу гладни можете да изедете и парче интегрален или црн леб.
Комбинирана диета
Диетата претставува комбинација од млеко и овошје.
Дневно се пие 1 литар млеко и се јадат 800 гр. овошје.
Се држи 2 дена неделно, но со пауза од неколку месеци ако сакате да ја повторите!
Комбинирана диета 2
Три пати дневно се јаде по 1 банана и се пие шолја млеко. Диетата се држи 2 дена. Ако сакате да ја повторите треба да почекате да поминат најмалку 6 недели.
Диета со компири
Во текот на 2 дена се јадат само варени компири без додавање на сол или маснотии.
Диета со ориз
Дневно се дозволени 150 гр. ориз (жив) кој можете да го јадете варен или како пилав со 10 гр. маслиново масло и еден свеж домат.
Овошна диета
Со оваа диета за 2 дена ќе изгубите 1 килограм. Се внесуваат најмногу 600 калории дневно, па затоа треба строго да се придржувате на наведените количини на овошје.
Ден 1
Појадок: сок од 2 исцедени портокали и половина цитрон
Ручек: сок од 1 кајсија, 1 портокал и половина манго, подготвен во блендер
Ужина: 1 средно јаболко
Вечера: 1 банана, 1 круша, 1 киви и 100 гр. цреши измешани во блендер. Сок од 2 свежо исцедени портокали.
Ден 2
Појадок: сок од 2 исцедени портокали и половина цитрон
Ручек: 100 гр. ананас, 1 големо парче лубеница, 100 гр. свежи сливи и 1 киви, подготвени во блендер.
Ужина: 1 цитрон
Вечера: 100 гр. кое било свежо овошје измешано со малку сок од јаболки. Додадете и сок од 2 свежо исцедени портокали.
Овошна диета 2
Ден 1
Појадок: 250 гр. сезонско овошје и чаша свеж зеленчук измиксани во блендер
Ужина: 1 чаша свежо исцеден овошен сок без шеќер
Ручек: Обарен зеленчук без маснотии и зачини и 1 кисело јаболко
Ужина: 1 шолја чај и 1 парче двопек
Вечера: 300 гр. мешано овошје и 1 парче двопек
Ден 2
Појадок: 1 варено јајце, 1 парче двопек и 1 шолја чај без шеќер
Ужина: чај без шеќер
Ручек: 2 кисели јаболки и 1 чаша млеко
Ужина: 1 чаша сок од кајсии
Вечера: 1 чаша сок од свежо исцедено овошје измешана со 1 чаша јогурт.
Диета со кисела зелка и овошје
Можеби ви звучи малку чудно, но оваа диета е многу ефикасна. Може да се држи еднаш месечно.
Ден 1
Појадок: 1 дл. нискокалоричен јогурт, чај или кафе без шеќер
Ужина: 2 кајсии
Ручек: 100 гр. свежо овошје и 100 гр. кисела зелка
Ужина: 2 кајсии
Вечера: 150 гр. варена немрсна риба и 50 гр. кисела зелка
Ден 2
Појадок: половина цитрон, чај или кафе без шеќер
Ужина: 1 јаболко
Ручек: 1 виршла и шака кисела зелка
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 50 гр. шунка, 50 гр. кисела зелка и пола цитрон.