Рецепти

Плетена чоколадна погача

Реклама
Реклама

Еве еден многу интересен рецепт за плетена чоколадна погача со која што можете да ги изненадите вашите пријатели.

Маркетинг

Потребни состојки:

·    450 гр. брашно
·    180 мл. млеко
·    2 жолчки
·    8 гр. сув квасец
·    30 гр. путер
·    70 гр. шеќер
·    Малку сол
·    200 гр. чоколаден крем

Ставете го млекото во соодветно тенџере и ставете го на шпоретот малку да се загрее, додадете го квасецот и оставете го да реагира околу петнаесетина минути. Доколку е потребно просејте го брашното па додадете му ги сите суви состојки, шеќерот и солта. Во брашното додадете ја жолчката, путерот и млекото со квасецот, се убаво измешајте со дрвена лажица, па со рацете измесете мазно тесто. Месете го тестото седум минути, ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го да стасува на собна температура.

Маркетинг

Кога ќе стаса тестото, измесете го малку и поделете го на четири еднакви топчиња.

Со сукало развлечете ја првата топка на мрсна хартија , да дојде до околу 2-3 милиметри дебелина. Со округол калап на тестото направете круг и внатрешноста на кругот премачкајте ја со чоколаден крем. За полесно да се мачка кремот, потопете го на кратко заедно со амбалажата во врела вода, за малку да омекне.

Потоа развлечете ја и втората топка да добиете кора, па ставете ја преку првата кора, намачкана со крем. Потоа пак намачкајте и повторувајте ја постапката додека не дојдете до крајот. Кога ќе ја премачкате третата кора, покријте ја со четвртата и исечете го вишокот тесто од страните за да добиете совршен круг.

Сега треба да ја направите плетенката на чоколадната погача, а како да го направите тоа погледнете на следново видео:

{youtube}gKRASqpAGjY{/youtube}

Кога ќе ја сплетете погачата, премачкајте ја со белките и печете 15-20 минути во рерна загреана на 180C.

Кога ќе биде готова погачата викнете ги пријателките на гости за да се пофалите со вашето ремек дело!

Извор: Handimania

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button