Реклама
Нега и здравје

Цеца Ражнатовиќ: Естетската хирургија е одлична доколку сме доволно силни да не станеме нејзини робови

Реклама

Најпознатата пејачка во регионот Цеца Ражнатовиќ во интервју за српскиот „Хелоу“ магазин ја откри тајната на нејзината убавина.

Маркетинг

Таа отворено зборуваше за начинот на кој се негува, дека во домашни услови користи само препарати кои се квалитетни и направени од природни состојки, дека им верува на стурчните лица кога е убавината во прашање и дека за неа, покрај фантастичните третмани, потребно е и да се има мерка, како и за сé друго во животот.

„Естетската хирургија е одлична доколку сме доволно силни за да не станеме нејзини робови. Не можам да ги разберам луѓето кои за време на операцијата планираат три нови зафати за да го подобрат својот изглед“, вели Цеца.

Инаку, на Цеца ѝ се допаѓа познатата мисла на Коко Шанел дека природата ни дава лице какво што имаме во дваесетите, дека животот ни го обликува во триесетите, додека во четириесеттите и над четириесеттите имаме лице какво што заслужуваме. Токму затоа таа постојано се грижи за нејзиниот изглед, не претерува со пилинзи, се мие со млака вода, нанесува хидрантна крема на влажна кожа, не оди на спиење додека темелно не ја исчисти шминката и повеќе им верува на новите технологии отколку на природните бабини рецепти.

Маркетинг

Што се однесува до нејзината исхрана, таа вели:

„Бидејќи сум свесна за важноста на правилната исхрана, се обидувам да имам пет оброци дневно, да консумирам колку можам повеќе овошје и зеленчук, барем два пати во неделата риба, и во широк чекор да ги прескокнувам грицките и слатките“.

Проблем со килограмите имала единствено кога ги оставила цигарите, но како што вели самата таа, за рекордно време се ослободила и од овој проблем.

Целото интервју можете да го прочитате на порталот hellomagazin.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button