Хирургот Небојша Миљковиќ морал да го прекине летувањето во Турција, затоа што луѓето постојано го гонеле мислејќи дека станува збор за славниот актер што го глуми султанот Сулејман.
Не, ова не е Сулјо, ова е Небојша од Лесковец
Небојша Миљковиќ, хирург во општата болница во Лесковец до пред неколку години можел мирно да оди каде сака. Но, сега ова задоволство му е скратено, бидејќи каде и да се појави луѓето го фаќаат за ракав, го сопираат, му се обраќаат со „Сулејман“. Ова му се случувало и додека бил на годишен одмор во Турција каде поради љубезните домаќини за три дена ги спакувал куферите и се вратил во Лесковец.
„Отпрвин беше интересно, но набргу почна да ми пречи тоа што сите гледаа во мене. Ме застануваа на улица и сакаа да се сликаат со мене. Отидов да се одморам, а не да привлекувам внимание и да се чувствувам непријатно. Така, за три дена ги спакував куферите и го сменив хотелот, а набргу и дестинацијата за одмор“, вели српскиот Сулејман за весникот „Блиц“.
Инаку, откако почнала да се емитува серијата „Сулејман Величествениот“ во Србија тој станал познат како Сулејман и во неговиот роден град каде работи како хирург, па пациентите често во болницата каде што работи викаат дека сакаат токму Сулејман да ги оперира.
„Сепак, жените ме сакаат многу и константно ми посветуваат внимание. Мажите и не обрнуваат толку внимание, но жените… “, вели Небојша кој поради големата сличност со турскот актер почнал да ја следи серијата за да види за што станува збор.
извор + фото: blic.rs