Рецепти

Кифлички од компирово тесто

Реклама
Реклама

Пробајте го овој интересен рецепт кој случајно го пронајдовме на блогот Yummyhealthyeasy.

Маркетинг

Потребни состојки:

·    1 шолја млеко
·    1 шолја врели сварени и изгмечени компири
·    2/3 шолја путер
·    1/2 шолја шеќер
·    2 лажички сол
·    1/2 шолја млака вода
·    1 кесичка сув квасец
·    2 јајца
·    6 шолји повеќенаменско брашно

Маркетинг

Ставете го млекото во тенџере и ставете го на шпоретот да се загрее, постојано мешајќи, додека не почнат да се појавуваат меурчиња по рабовите на тенџерето. Потоа сипете го млекото во соодветен длабок сад, па додајте ги изгмечените компири, путерот, шеќерот и солта. Измешајте убаво за сите состојки да се растопат и соединат. Оставете ја смесата да се излади на собна температура.

Изматете ги јајцата во еден сад и оставете ги исто така на собна температура. Измешајте го квасецот со топла вода, оставете го да реагира неколку минути, и потоа квасецот и јајцата сипете ги во смесата со компири и млеко и се убаво измешајте.

Додадете 2 шолји брашно во смесата, измешајте, па оставете ја да стасува околу еден час. Потоа додајте ги во смесата и преостанатите 4 шолји брашно и измесете тесто, кое ќе ви излезе многу лепливо. Ставете соодветен капак на садот и ставете го тестото во фрижидер да отстои најмалку 6 часа. Тестото може да стои во фрижидер најмногу 2 дена (доколку сакате да си го подготвите однапред).

Кога ќе биде готово тестото поделете го на два дела, па двата дела со сукало развлечете ги во кругови, премачкајте ги со омекнат путер па исечете го тестото како пица, на повеќе еднокраки триаголници. Од секој триаголник направете по една кифличка така што ќе го свиткате од широката страна кон врвот.

Наредете ги кифличките на намрсен плех покриен со мрсна хартија, покријте ги со чиста крпа и оставете ги да стасуваат околу два часа. Потоа печете ги во рерна загреана на 175Ц од 17-20 минути.

Извор: Yummyhealthyeasy

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button