Рецепти

Пита од спанаќ во форма на сонце

Реклама
Реклама

Зарем ова не е најинтересната пита што сте ја виделе? Не е толку тешко да се направи како што изгледа, а има одличен вкус и можете да ја послужите како главно јадење, кога имате гости, како ужина или како вечера.

Маркетинг

Рецептот е италијански, го најдовме на блогот ItalianChips.

Состојки:

За тестото:
·    500 гр. брашно
·    90 мл. ладно цедено маслиново масло
·    200 мл. топло суво бело вино
·    2 лажички сол

Маркетинг

Фил:
·    350 гр. варен спанаќ (може и блитва)
·    350 гр. рикота сирење (или слично, на пример нашата урда)
·    1 јајце
·    100 гр. изрендан пармезан
·    Лебни трошки
·    Сол и бибер

Измешајте ги сите наведени состојки за тестото и месете со раце или миксер додека не добиете уедначено тесто, па покријте го со пластична фолија додека го подготвувате филот.

Сварете го спанаќот и убаво исцедете го, па иситнете го со нож. Измешајте го со рикотата и додадете го и јајцето. Потоа додадете и 100 гр. изрендан пармезан, сол и бибер и се убаво измешајте.

Загрејте ја рерната на 180Ц. Поделете го тестото на 2 еднакви делови и со сукалка направете од нив кругови со пречник околу 30 цм. Во округла тава премачкана со масло ставете го едниот круг тесто и посипете малку лебни трошки на него. Дел од филот, како едно топка, ставете во средината на кругот од тесто и околу таа топка направете обрач од остатокот на филот (видете ја фотографијата).

Целосно покријте со другиот круг од тесто и спојте ги краевите со вилушка или нож за пица. Во средината ставете поголема шолја и притиснете ја за да се издвои топката со фил во средината. Добиениот обрач исечете го на еднакви растојанија, од по околу 3 цм, па малку извртете, односно закосете ги. Печете ја питата 30 минути во загреана рерна (или додека не зарумени, во зависнот од рерната).

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button