Ако сакате малку да размените, наместо стандардните грицки, гостите можете да ги послужите со нешто поразлично, а сепак брзо, едноставно и вкусно. Пробајте ги канадските прстени од кромид.
Фотографија: StevenDepolo
Потребни состојки за 3 лица: една поголема главица црвен кромид, шолја брашно, лажичка прашок за пециво, сол, едно јајце, шолја млеко, лебни трошки, масло.
Исечете го кромидот на подебели кругови и убаво валајте ги во брашното измешано со малку сол и прашокот за пециво. Брашното треба целосно да ги покрие круговите кромид. Потоа оставете ги така да отстојат некое време. Потоа извадете ги од брашното, а во брашното додајте јајце и млеко, па потопете ги круговите кромид во смесата, а потоа валајте во лебни трошки. Пржете ги во длабоко масло околу 2-3 минути додека кромидот не добие златна боја. Вадете ги и ставајте ги на хартија да се впие вишокот маснотии.
Послужете со тартар сос.