Основата на оваа диета е поделената исхрана, односно одделно консумирање на јаглени хидрати и белковини.
Степенестата диета ја осмислил американскиот доктор Хауард Хeј уште во дваесетите години на минатиот век. Главниот принцип на диетата е дека не треба да се мешаат јаглени хидрати и белковини, односно секој ден наизменично треба да се зема еден оброк јаглени хидрати и еден оброк белковини. Ако правилно се придржувате на диетата за 14 дена ќе изгубите околу 5 килограми и ќе го прочистите организмот.
Храната е поделена на следниве категории:
Јаглени хидрати: леб и бели пецива, тесто, ориз, житарки, компир, суво овошје, банани, смокви, урми, сите засладувачи … Белковини: месо, живина, риба, јајца, млеко, кашкавали, тофу, преработки од месо… Неутрални намирници: зеленчук, зелена салата, бело сирење со мал степен на маснотии, димена риба …
Како што кажува самото име, степенастата диета се спроведува во неколку чекори, односно степени.
ПРВ СТЕПЕН Дводневно чистење на организмот и внесување на доволно витамини, минерали и ензими. Ќе изгубите еден килограм. Ден 1 – Пет пати дневно овошје или свежо исцеден овошен сок. Идеален избор на овошје: јаболка, круши, ананас, киви, диња. Бананата е забранета. Ден 2 – Пет пати дневно салата односно свеж или варен зеленчук. Избегнувајте масло и сол, зачинете ја салатата со миродија, магданос и други билни зачини. |
ВТОР СТЕПЕН Диета во траење од 5 дена за време на кои ќе изгубите 3 килограми. Ден 1 Појадок: сурутка со една овошка Ужина: 75 гр. посно сирење со лажичка магданос Ручек: ракчиња со моркови и сок од лимон Попладневна ужина: 2 свежи пиперки Вечера: салата од свежи краставици со парче варена пастрмка. Ден 2 Појадок: парче двопек со немасно бело сирење и ротквици или краставица Ужина: 100 гр. диња или некое друго сезонско овошје Ручек: мешан динстан зеленчук со варен ориз Попладневна ужина: 1 киви Вечера: мешана салата со 2 филети димен лосос. Ден 3 Појадок: Овошна салата од диња и манго со малку диетален јогурт и 2 лажички сок од портокал Ужина: парче црн леб со 2 домати Ручек: пилешки гради (бело месо) со динстан домат и праз Попладневна ужина: 1 морков и 50 гр. диетален јогурт Вечера: салата од шпаргли со компир и зелена салата. Ден 4 Појадок: сурутка со 125 гр. испасирана диња или некое друго сезонско овошје Ужина: парче препечен леб или двопек со немрсно сирење и 50 гр. свежа краставица Ручек: варен компир со сирење и салата од рукола Попладневна ужина: 100 гр. диња или некое сезонско овошје Вечера: салата од млад кромид и свежа пиперка, парче камембер или некој друг кашкавал со до 30% маснотии. Ден 5 Појадок: несолена урда со 2 лажички сок од портокал и малку џем од јагоди Ужина: една пресна келераба Ручек: 100 гр. свинско филе со неколку шпаргли и 1 домат Попладневна ужина: 1 киви Вечера: тост со шунка (отстранете ги сите мрсни делови) и 150 гр. диња или друго овошје. |
ТРЕТ СТЕПЕН За седум дена ќе изгубите уште 1,5-2 килограми. Дневно се внесуваат 1000 калории што повеќе претставува одржување на тежината отколку слабеење. Ден 1 Појадок: парче леб со 30 гр. горгонзола Ужина: половина цитрон Ручек: шпагети со сос од домати Ужина: 1 пиперка и 30 гр. сирење Вечера: 1 авокадо полнето со шкампи и праз Ден 2 Појадок: кајгана од 2 јајца Ужина: половина цитрон Ручек: пилешки батак со обарена боранија Ужина: зелена салата Вечера: салата од тестенини со брокула Ден 3 Појадок: една земичка со сирење и домат Ужина: 250 гр. моркови Ручек: пекарски компир со пиперки и кромид и додаток од сирење Ужина: 1 јаболко Вечера: салата од шпаргли со парчиња портокал Ден 4 Појадок: манго со овошен јогурт Ужина: 1 киви Ручек: јагнешка шницла на кромид Ужина: 1 пиперка и 30 гр. сирење Вечера: салата од компири со риба Ден 5 Појадок: овесни снегулки со малку суво грозје Ужина: 150 гр. јагоди Ручек: риба со динстана келераба Ужина: 1 јаболко Вечера: леб со камембер сирење Ден 6 Појадок: овошна салата од папаја и киви Ужина: малку ананас Ручек: спанаќ со варен ориз Ужина: парче тост со сирење Вечера: салата со бело пилешко месо и соја сос Ден 7 Појадок: банана со урда Ужина: јаболко Ручек: тестенини со динстан морков Ужина: 1 морков и 50 гр. урда Вечера: салата од зеленчук зачинета со кари. |
Извор: herbateka.eu
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (
види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница
ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм
ТУКА .