Супер рецепт како да направите брзи кифлички со сирење…
Состојки за тестото:
· 250 гр. Брашно
· 3 лажички прашок за пециво
· 125 гр. сирење
· 50 мл. млеко
· 50 мл. масло
· 1 лажичка сол
· 1 белка
За премачкување и посипување:
· 1 жолчка
· 1 лажица млеко
· малку бибер
· малку сол
· сусам или семиња по желба
Начин на подготовка:
1. Во еден сад измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво. Додадете ја белката, млекото и маслото и убаво измешајте со жица. Додадете го сирењето и со раце измесете мазно тесто. 2. Префрлете го тестото на подлога на која сте посипале брашно и расукајте го во кружна форма со дебелина од неколку милиметри. 3. Со нож исечете го на осмини и од секое парче формирајте кифлички така што основата на триаголникот ќе ја сукате кон врвот. 4. Наредете ги кифличките во тава обложена со хартија за печење и премачкајте ги со смеса од разматена жолчка, млеко, сол и бибер. На така премачканите кифлички можете да ставите и неколку семки од лен, сончоглед, сусам и т.н.
Печете ги во рерна 30 до 40 минути на 180 степени, додека не поруменеат.
Извор: domacica.net