Да почнеме од почеток: она што најпрво ни остави впечаток е прекрасниот комплет, односно топ и шорц од „Tory Burch“ што го носеше Кејли Квоко на премиерата на “Authors Anonymous“.
И секако, многу ни се допадна нејзината комбинација со тантела, преубави сандали и светло розов лак за нокти.. но, што е она што таа го држи во рацете? Транспарентна плик чанта? Да, тоа е еден од водечките трендови за оваа сезона, но тоа може да биде и ризичен потег, особено кога ќе погледнете малку подобро…
Па таа во чантичката носи многу работи кои можеби не би требало да се гледаат – кармин, пари, кредитна картичка, друга картичка, уште пари… Навистина добар избор, но можеби несоодветен доколку носите чанта во која што можат сите да ви ѕирнат без проблем.
Eве како треба …
Токму ова не инспирираше да направиме една мала листа на предмети кои НЕ треба да се најдат во вашата проѕирна чанта, секако доколку ја имате и решите да ја носите во наредниот период.
Што НЕ треба да носите: Картички – непожелно… |
Веруваме дека ќе се соочите со проблеми кога треба да одлучите што ви е најпотребно и што треба да понесете со вас во чантата, бидејќи се што ќе ставите во неа ќе биде на изложба пред сите! Но, сепак морате да ставите нешто, бидејќи во спротивно зошто да носите чанта, така?
Но, очигледно дека така не мисли Зои Дојч.
Како и да е, доколку не можете без некои од предметите на листата, тогаш ве советуваме да користите украсни вреќички. Сепак, решение има за сé!