Реклама
Хороскоп

АСТРОЛОГИЈА: Што е она со кое ја нервирате околината?

Реклама

Верувале или не, но и вашиот хороскопски знак влијае на тоа како ве перципира околината. Било да сте конзервативна личност или не, прочитајте што е кое е она со кое вашиот знак умее да ги шокира луѓето околу себе…

Овен

Маркетинг

Ќе ве шокира со својата брзоплетост, нетрпение и презир кон било чиј совет. Доколку и успее да издржи две минути и ги сослуша вашите ’небулози‘, тој сепак ќе се продолжи по свое. А дури на деловните партнери кои глумат дека се некои ’фаци‘, има да им плесне во лице сé што мисли за нив. Доколку сте се договориле за вечерен провод со Овен, ќе ве шокира кога ќе ви ја отвори вратата во тренерки, со шрафцигер во едната и пиво во другата рака. 

Бик

Маркетинг

Ќе ве иритира со своите главни адути – истрајноста или бавноста (зависно од ситуацијата) и упорноста или тврдоглавоста. Повторно зависи од ситуацијата. Со денови, па и месеци, чекате на нешто кое што ви го ветил, затоа што кога ќе го фати мрза, тешко да го помрднете од место, но кога ќе се ’развредни‘, работи како манијак. А дури кога ќе ви ја отвори душата во кафеана и ви се довери дека сте му тивко измачување, ќе останете ’стаписани‘.

Близнаци

Започнуваат непријатно да ве изненадуваат многу бргу, откако ве освоиле со својот шарм, речитост, информираност, начитаност и интелигенција. Меѓутоа, истите тие особини го преобразуваат вашиот Близнак во личност која не затвора уста, спие со мобилниот телефон, ’зјапа‘ во телевизорот како хипнотизиран додека вие изведувате мала модна ревија за долна облека, само за негови очи.

Рак

И додека вие си мислите дека вашиот Рак се убива од работа, тој ви се јавува од некој непознат број (му снемало батерија) од некоја кафеана каде што со другарите си дава одмор самиот на себе, затоа што тој ден времето се променило барем 5 пати, а во весниците пишува дека озонската дупка се проширила. Му ја одбиле кредитната картичка во продавницата, баш кога планирал да купи нешто за дома, а роднините го здодеваат цел ден. Ептен се изнервирал, но сакал вас да ве оптеретува, па затоа…

iritacija3

Лав

Подобро е да се запрашате што е она со кое вашиот Лав не би ве шокирал, затоа што е спремен за ’големи дела‘, секако во своја корист. И за свое задоволство, кое ќе гледа да го подели со вас. Но бидејќи вие никогаш не сте овде, кога тој ќе добие некој повик или карти за модна ревија, филмска или театарска премиера, кој ви е тогаш виновен?! Сигурно не е тој!

Девица

Ох…таа умее да нервира и иритира – и тоа како! Онака, отмена, воздржана и целата рационална. Но од таа рационалност ви доаѓа да се…но бидејќи знаете дека овде не е крајот, тогаш се тешите дека разумот на вашата Девица внимава и на вас секој пат кога ќе погрешите. А што ќе правиме со сензуалноста? И со неа Девицата ќе ве изненади, посебно ако се одушевите затоа што го поправила мобилниот телефон или пак зготвила ручек од кој и прстите ќе ги излижете.

Вага

Онака слатка, а толку шокантна, да не поверувате на своите очи, но веќе сте слушнале од нејзе по телефон дека ви ја испразнила сметката во банка, затоа што видела феноменални чевли! И чанта секако. Па таа од секогаш била во тренд, како таква и ви се допаднала уште од прва. А сега се буните, навистина сте неблагодарни, скоро и да не заслужувате партнер како нејзе.

Скорпија

Иако би сакала на сите да им ’плесне‘ во лице (посебно на оние кои не се ú ни до колена), нема таа да ве шокира вас, кого што го сака, туку сите останати околу себе. Додуша, тоа ќе го прави така суптилно, така вешто, што сите ќе зависат од нејзе и кај неа ќе го бараат спасот. Доколку сте ѕирнале во нејзиниот свет на имагинација, ќе се шокирате кога ќе дознаете дека вашата Скорпија сонува за времето кога била млада и немала ништо. Ни пари, ни кариера, ниту оној џипот во гаражата, а била вљубена до уши, но – не во вас!

Стрелец

А што друго и би правел Стрелецот, освен да ве иритира и шокира, доколку сте негов партнер. Всушност, не сте вие бил кој, затоа што сте избрани токму Стрелецот да ви го осмислува и разубавува животот. Адреналинот кој струи низ неговите вени ви го вбризгува во оној момент кога со него ќе седнете во неговиот џип или кога ќе посака дете со вас, женските Стрелци сакаат нова кола, затоа што сакаат малку да патуваат, иако може и со авион и тоа со вас. Но, онака, ’случајно‘ разбрала дека ја поседувате онаа тајна кредитна картичка, а вие сте биле во заблуда дека никогаш нема да дознае за тоа.

Јарец

Ќе ве фрапира кога во жар и страст, објаснувајќи ви ги новите деловни идеи и потфати, одеднаш ви каже како веќе со години сака да ја објави веќе напишаната книга или љубовен роман, да продолжи да слика на недовршеното платно, компонира музика или како што одамна планира, да дизајнира своја линија на долна облека. Ќе го подготви теренот за одење на заеднички пат во Париз или Шпанија, ќе резервира билети и ќе се распита за условите. Сепак, еднаш се живее!

Водолија

Можно ли е една Водолија воопшто да ве шокира? Ма можно е, како не? И тоа кога наеднаш на време ќе започне да се враќа дома, авие ко за инает, токму тој ден сте се откажале од домашниот ручек и сте излегле со пријателите. Испраќате СМС порака, а Водолијата уредно ви одговара и вие нормално се прашувате што се крие зад сето тоа. Ништо! Таа се испружила пред телевизорот со далечинското во рака, а мобилниот го ставила на ’нечујно‘.

Риби

Рибите умеат да нервираат и кога делуваат конфузно и кога навистина се такви, но и кога се прават дека се, па ви доаѓа малку да ги ’раздрмате‘. Но нив веќе им успеало да ве раздрмаат вас со некоја работна одлука од која ви се дига косата на главата. А после ќе излезе дека Рибите го шокирале својот деловен партнер, а не вас, кој што само малку сте ’збркале работите‘ и сте здивнале и веќе не се грижите. Во меѓувреме, вашата партнерка Риба, некому веќе му паднала в око, додека машката Риба умее да ја полуди првата на која ќе налета.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button