Холивудската актерка вели дека доењето ú помогнало после породувањето повторно да се врати во форма.
47 годишната глумица у октомври минатата година роди син, кого го именуваше Макео Роберт.
„Секоја мајка би требало да дои. Тоа е најбрз начин да се вратите на старото ниво на килограми, а секако морате и да се храните правилно“, изјави таа за телевизиското шоу „Екстра“.
Бери кажува дека нејзината постара ќерка Нала се уште се привикнува на улогата на постара сестра.
„Многу е сериозна во улогата на постара сестра. Се однесува како некоја од нејзините омилени играчки да има оживеано. Се грижи за него, го храни, му менува пелени, си игра, пет пати дневно го пресоблекува, едноставно го обожува“, вели Хали, додавајќи дека нејзините деца се многу различни.
„Фантастично е. Различна енергија. Оној кој што вели дека децата не се разликуваат уште од самиот почеток, немал две деца.“