Само 15 минути вежбање дневно и ќе имате прекрасно тело. Дали е ова воопшто можно? Одговорот е во Бодифлекс.
За само 15 минути дневно за две недели вежбање можете да ослабите и да изгубите дури до 15 сантиметри во обемот на половината, колковите и бутовите.
Сите што мака мачат да ослабат се подвргнуваат на различни рестриктивни диети (кои најчесто не се здрави), користат различни средства за слабеење, се трудат да вежбаат и барем да се движат, но резултатите за жал се постигнуваат многу тешко. А и кога ќе се постигнат најчесто кратко траат поради јо-јо ефектот на диетите и поради тоа што луѓето начесто се враќаат на старите навики за јадење.
Среќната вест е што навистина е можно без многу одрекување и потење да се ослободите од прекумерните килограми со помош на екстремно ефикасните и светски признатите вежби за дишење наречени Бодифлекс (Bodiflex). Оваа необична и интересна програма за слабеење ја создаде 53-годишната Американка Грир Чајлдерс, која по раѓањето на нејзините 3 деца успешно стасала до саканиот број на облека 44 од огромниот 56.
Доколку ги правите Бодифлекс вежбите само 15 минути дневно ќе имате бројни придобивки за здравјето и за убавината:
– Ќе ја намалите тежината и бројот на облеката, без диети и исцрпувачки вежби
– Вашето тело ќе стане поеластично
– Ќе ви се намали апетитот
– Ќе ви се забрза метаболизмот, ќе ви се подобри циркулацијата
– Целно се врши корекција на критичните зони
– Се подмладува и затегнува кожата на лицето и телото
– Се зголемува нивото на енергија и се подобрува расположението
– Ќе се ослободите од целулитот
– Ќе се подобри работата на дигестивниот систем и ќе се ослободите од опстипацијата
– Ќе ја вратите линијата по бременоста (доилките имаат одлични резултати поради природно забрзаниот метаболизам во периодот на доење)
– Ќе ви се нормализира месечниот циклус, ќе се ослободите од ПМС и болните менструации, ќе се одложи настанувањето на менопаузата
– Ќе го исчистите телото од отрови и штетни материи
– Можете да ги оставите цигарите избегнувајќи го психолошкиот стрес и добивањето на вишок килограми.
Системот на кој се засноваат вежбите за дишење Бодифлекс е многу едноставен: кислородот ги црпи мастите и истовремено ги затегнува мускулите, го активира лимфниот систем и го забрзува метаболизмот. Мастите претставуваат гориво, а кислородот согорувач. Вежбите за дишење се засноваат на длабоко аеробно дишење и едноставни физички вежби. Ваквото дишење ја збогатува крвта со кислород, а физичките вежби помагаат за топење на мастите во одредени критични делови од телото. Освен тоа што програмата е релативно лесна и едноставна, Бодифлекс е погоден за луѓе од двата пола, од сите возрасти, без разлика на нивната физичка кондиција, бидејќи не е многу напорен и кратко трае, само 15-20 минути.
Клучот на програмата Бодифлекс е во правилното дишење коешто во текот на вежбањето го поттикнува слабеењето, па пред да почнете со вежбите треба да научите правилно да дишете во 5 фази: издишување-вдишување-издишување:
1. Издишете: ослободете се од воздухот во белите дробови. Додека го испуштате воздухот вовлечете го стомакот.
2. Вдишете: по издишувањето затворете ја устата и нагло вдишете низ нос, додека не почувствувате дека веќе нема место за кислородот во белите дробови. Направете го ова брзо. Вдишувањето ќе биде малку бучно, но тоа е нормално.
3. Издишете: откако ќе ги наполните белите дробови со воздух, подигнете ја главата и нагло издишете го целиот воздух. Употребете ја дијафрагмата. Ако правилно издишувате би требало да звучи како зборот „пах“. Може да почувствувате потреба да се искашлате, но тоа е нормално. Ваквото издишување треба да се увежба.
4. Забрзување на дишењето: откако ќе го вдишете целиот воздух, задржете го здивот на 8-10 секунди, истовремено вовлекувајќи го стомакот, од горе кон надолу, како да правите бран. Полесно ќе го изведете ова ако ја наведнете главата надолу.
5. Издишете: издишете и олабавете ги стомачните мускули.
На следниве видеа можете да видите како изгледа постапката:
{youtube}-fgxTC9AylU{/youtube}
{youtube}f721TJA7FL8{/youtube}
Кога ќе ги совладате техниките на правилното дишење, можете да преминете на вежбањето. Но, се препорачува на почетокот да одделите 3-4 дена по 5-10 минути дневно за вежбите за дишење, наутро, на празен стомак.
На видеото подолу можете да ја видете основната програма на Бодифлекс вежбите во траење од 15 минути и тренерот Марина Корпан, која има 8 години искуство со Бодифлекс со чија помош изгубила 20 килограми.
{youtube}zHd0-4Xh5qY{/youtube}