Ангелот на Викторија Роузи Хантингтон Вајтли за нејзините совршено обликувани нозе најмногу му е благодарна на австралискиот промотер на здравиот живот, Џејмс Дајган.
Дајган е основач на бодизмот, стил на вежбање кој е мошне популарен помеѓу познатите светски убавици, и е автор на книгата за здрава храна „Чисти и слаби“ („ Clean & Lean “). Токму со помош на оваа книга многу девојки успеаја да ја доведат нивната линија до совршенство, без придружниот јо-јо ефект.
Иако стана познат по тоа што соработува со познати модели и актерки, тој истакнува дека неговите програми се достапни и препорачливи и за најобичните жени, од обични домаќинки до канцелариски работнички.
Во неговата најнова видео едиција Дајган сподели со неговите фанови видео туторијали во кои се преставени вежби за секој дел од телото со кои многу лесно и брзо ќе го обликувате вашето тело. Погледнете како во три чекори можете да дојдете до совршени нозе, главниот адут на прекрасната Роузи.
{youtube}eBMlnOGqkKk{/youtube}
Видеото можете да го видите и на Daily Mail »