Храната богата со влакна ќе ви обезбеди витка линија. Оваа диета ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми но и од здравствените проблеми како мрзливи црева.
Лошата исхрана придонесува за успорување на варењето и работата на цревата, а со тоа не само што се успорува и процесот на слабеење, туку може да се предизвика дебелееење. Намирниците богати со влакна главно содржат малку маснотии и калории, односно не дебелеат. Нерастворливите влакна ја врзуваат водата и набабруваат во цревата, па на тој начин го олеснуваат исфрлањето на столицата и со тоа и вишокот на калории но и отрови. Исто така ги врзуваат и мастите и јаглехидратите со што ги успоруваат, односно на тој начин побавно се реасорбираат во крвта, а вишокот се исфрла преку столицата. Според тоа, доведуваат до намалување на внесените калории и намалување на нивото на холестерол во крвта.
Исхраната богата со влакна придонесува да се чувствувате полни и сити подолго време, па помала е веројатноста да посегнете по калорична храна и грицки кои дебелат. Исто така, ваквата храна побрзо заситува, па ќе ве заштити од прејадување.
Оваа диета се препорачува за сите што сакаат да ослабат на здрав начин, но и за сите што страдаат од затвор. Диетата вклучува пет оброци и е во склад со препораките на нутриционистите. Многу е важно во текот на диетата да се внесуваат доволно течности. Многу луѓе кои имаат проблеми со столицата не јадат доволно храна што содржи растителни влакна, не пијат доволно течности, а генерално не се ни движат многу што дополнително го отежнува празнењето на цревата.
Диетата е урамнотежена, односно во неа се ускладени сите потребни хранливи состојки. Вклучува месо и риба, умерени количини на млеко и млечни производи, јајца, што го задоволува потребите за протеини, но и за витамини и минерали. Јаглехидратите се исто така застапени и тоа претежно богати со растителни влакна: сите видови на леб од цело зрно (грахам, ржен, црн…), интегрален ориз и тестенини, а додадени се и трици кои се исто така богати со растителни влакна. Во диетата има и многу зеленчук, свеж и варен, пченични никулци, мусли, свежо овошје, компот и ленено семе – а сето тоа придонесува за подобро варење и слабеење.
Правила на кои треба да се придржувате
1. Пред да започнете со диетата еден ден посветете на подготовка на телото за диета и чистење од отровите.
2. Придржувајте се на предвидените намирници кои може да ги комбинирате по желба.
3. Внимавајте при подготвувањето на менито да не имате месо и за ручек и за вечера. Истото важи и за јајцата, ако има за појадок, не смее и за вечера. Не се препорачува да се јаде месо два пати во ист ден.
4. Можете да ги замените предлозите за ручек и за вечера, доколку ви одговара појак оброк за вечера наместо за ручек.
5. Внимавајте на подготовката на храната, користете што е можно помалку масти, а за салатите користете маслиново масло.
6. Не прескокнувајте ниту еден оброк. Сите се важни бидејќи цревата мораат постојано да бидат активни.
7. Пијте многу вода, а дозволена е и чаша вино на ден.
План за чистење
Наутро (на празен стомак): чаша свежо подготвен сок од овошје или зеленчук
Појадок: шолја мусли со сок од цитрон
Ужина: мала чинија салата од портокал и банана
Ручек: свежо исцеден овошен сок, чинија свежа салата по избор, евентуално 50 до 100 гр. варен компир.
Ужина: шолја чај и парче ржен леб
Вечера: чаша јогурт со трици и ленено семе, 1 до 2 тенки парчиња интегрален леб со житарици, едно јаболко
План на диетата
Појадок
Варијанта 1: 1 шолја кафе со малку немасно млеко и кафеав шеќер, 2 тенки парчиња интегрален леб со сирен намаз со ниска масленост, 1 мал домат
Варијанта 2: 1 шолја овошен чај со сок од лимон, грахам пециво со тенок слој на мармалад (диетален)
Варијанта 3: 1 шолја немасен јогурт со лажица ленено семе, шака бадеми или лешници, 1 овошје по избор
Варијанта 4: 1 чаша свежо подготвен сок од зеленчук, 2 тенки парчиња интегрален леб со семки, 80 гр. свежо кравјо сирење
Варијанта 5: кајгана од 1 поголемо или 2 помали јајца, 1 парче интегрален леб, шолја незасладен чај
Варијанта 6: мусли или интегрални корн флејкс со 200 мл. немасно млеко или јогурт, еден цитрон
Варијанта 7: овошна салата од овошје по избор, 1 парче интегрален леб со сирен намаз.
Ужина
Варијанта 1: 1 чаша кисело млеко, 1 тенко парче црн леб, 1 мал домат
Варијанта 2: чаша сок од моркови со ленено семе, парче двопек со намаз од зеленчук
Варијанта 3: 1 чаша јогурт, 1 парче интегрален леб со семки, 1 јаболко
Варијанта 4: мала чинија салата од зелка, 1 парче тост
Варијанта 5: мала чинија овошна салата со пченични никулци
Варијанта 6: 1 чаша милк шејк од 200 мл. млеко со банани, јаболка, портокал …
Варијанта 7: 50 гр. суво овошје и шака јаткасто овошје по избор
Ручек
Варијанта 1: 1 мала чинија варена блитва со 100 гр. варен компир, 150 гр. печена риба по желба, 1 јаболко
Варијанта 2: чаша сок од портокал, 100 гр. печено пилешко (бело месо или карабатак), 1/2 шолја варен интегрален ориз, салата од мешан сезонски зеленчук
Варијанта 3: чинија супа од зеленчук, 100 гр. немасно телешко (варено или печено), 150 гр. варено цвекло или брокула, зелена салата
Варијанта 4: чинија супа од домати, 150 гр. компир печен во лушпа, 150 гр. варена боранија со малку путер, 1 портокал или цитрон
Варијанта 5: 100 гр. пилешки гради, 80 гр. интегрални тестенини со сос од домати со малку пармезан, салата по избор
Варијанта 6: 100 гр. телешко, 80 гр. кус кус или интегрален ориз, 150 гр. динстан мешан зеленчук, неколку сливи или 1 јаболко
Варијанта 7: вариво од бобови и зеленчук со 50 гр. јачмен или интегрални тестенини, овошје по избор
Ужина
Варијанта 1: чаша сок од домати, 1 парче интегрален двопек
Варијанта 2: шолја кафе, 1 банана
Варијанта 3: 1 чаша јогурт со исечкани бадеми
Варијанта 4: мала шолја мусли со овошен сок
Варијанта 5: мала шолја сирови никулци со овошје по избор
Варијанта 6: шолја незасладен чај, салата од еден морков од средна големина, 1 портокал
Варијанта 7: 1 шолја млеко или јогурт со трици и ленено семе
Вечера
Варијанта 1: чинија мешана салата, 1 варено јајце, 1 тенко парче интегрален леб со сирен намаз со ниска масленост
Варијанта 2: 1 поголем стек од соја или зеленчук (150 – 200 гр.), чаша кисело млеко, јаболко
Варијанта 3: 1/4 печено пиле со зелена салата, чаша сок од мешан зеленчук
Варијанта 4: чинија супа од зеленчук, 2 триаголници пица со мешан зеленчук и малку сирење
Варијанта 5: помала чинија салата од туна, интегрални тестенини и мешан зеленчук, сок од свежо исцедено овошје
Варијанта 6: 1 порција лазањи од тиквички (или зеленчук по избор), 1 јаболко
Варијанта 7: омиленото јадење по ваш избор (еден оброк во неделата можете да се наградите!)