Рецепти

Прекрасни бајадери готови за 20 минути

Реклама
Реклама

За да ги направите овие прекрасни бајадери нема да ви биде потребен миксер, ниту пак треба да ги печете.

Маркетинг

Овој прекрасен чоколаден десерт кој подеднакво го сакаат и постарите и помладите можете да го подготвите според оваа едноставна рецепта за само 20 минути.

Состојки:

– 9 лажици вода
– 200 гр. шеќер
– 150 гр. мелени ореви, бадеми или лешници
– 250 гр. мелени бисквити
– 170 гр. путер
– 100 гр. чоколада за готвење
– малку рум

Маркетинг

За глазура:

100 гр. чоколада за готвење
– малку масло

Подготовка:

Во соодветно тенџере ставете ги водата и шеќерот и загрејте на тивок оган додека шеќерот потполно не се растопи. Додајте го путерот, тргнете го тенџерето од огнот и мешајте додека не се растопи. Кога путерот целосно ќе се растопи додадете ги оревите и бисквитите и мешајте додека не добиете густа воедначена смеса. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото стопете го на пареа и измешајте го со првиот дел од смесата, а во вториот додадете малку рум. На чинија ставете мрсна хартија за печење и ставете го првиот дел од смесата (со чоколадото), со рацете оформете квадрат и горниот дел и рабовите израмнете ги со нож. Врз него на ист начин поставете го и вториот дел и исто обликувајте го и израмнете го. Остатокот од чоколадото стопете го на пареа, додајте малку масло па прелијте ја бајадерата. Готовата бајадера оставете ја во фрижидер да се стврдне, а наредниот ден исечете ја на коцки или правоаголници со големина по ваша желба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button