Ако облеката ви е тесна, а апетитот добро ве служи, Хелен Фостер, авторката на популарната книга „Јади цел ден“ открива како да ослабите 2,5 килограми за пет дена јадејќи пет оброци дневно.
Диетата е прилично едноставна, а не морате да се лишувате од нормалните оброци. Според истражувањата на универзитетот во Масачусетс, луѓето кои јадат најмалку 4 пати дневно се за 45% послаби во споредба со оние кои имаат три или помалку оброци во текот на денот. Постојат многу причини за ова. Прво, самото варење согорува калории. Ако оброкот е богат со диетални влакна бројот на калории потребни за варење се зголемува за 15%, а ако е богат со протеини, вашиот метаболички индекс ќе се зголеми за дури 30%. Со почестото земање на помали оброци постојано го забрзувате метаблизмот во текот на денот со што бројот на согорени калории се искачува до највисока точка. Со редовното земање на оброци исто така се смалува и нивото на хормони кои се складираат во масните наслаги на телото. Првиот е инсулинот, кој се активира кога консумирате обилни оброци, но кога се јаде често а по малку, нивото на инсулин всушност опаѓа. Повременото грицкање исто така го намалува нивото на кортизол, кој го поттикнува апетитот, го зголемува задржувањето на течностите и го активира складирањето на маснотиите, поради што е главен непријател на слабеењето. Меѓутоа, истражувањата на д-р Дејвид Џенкинс на универзитетот во Торонто покажале дека со консумирање на помали оброци неколку пати дневно се намалува нивото на кортизол за 17% за само две недели.
Според тоа, со почести а помали оброци можете брзо да ослабите, а истовремено вашето тело ќе биде снабдено со доволна количина на енергија и хранливи материи. Со оваа диета ќе бидете здрави, витки и полни со енергија. Ако ви се задржуваат течности во телото оваа диета ќе ви помогне да ги исфрлите. За да го поттикнете процесот во текот на денот испијте две до четири шолји чај од глуварче кој е природен диуретик.
Исто така, во оваа диета се препорачува да употребувате мали чинии во согласност со главната идеја – повеќе помали оброци!
Премини на следната страна >>