Диети

Диета со цитрони – минус 5 килограми за помалку од две недели!

Реклама
Реклама

Ако изедете половина цитрон или испиете 250 мл. сок од цитрон можете да ги блокирате ензимите задолжени за складирање на мастите и јаглехидратите, и да го забрзате начинот на кој телото ги согорува маснотиите, што ќе резултира со слабеење.

Цитронот содржи многу состојки кои помагаат во борбата против настинките, спречуваат одредени видови на рак и срцеви болести. Содржи многу малку калории, малку натриум, но многу калиум и ензими кои поттикнуваат согорување на маснотии.

Маркетинг

Д-р Кен Фуџиока во 2004 год. спроведе 12 неделно истражување во кое ги следел тежината и метаболичките фактори како лачење на инсулинот на примерок од 100 мажи и жени кои учествувале во истражувањето на клиниката Скрипс за влијанието на цитроните на исхраната. Учесниците во истражувањето продолжиле да се храната вообичаено, само што во исхраната вовеле цитрони. Во просек, оние што јаделе по половина цитрон со секој оброк изгубиле по 1,65 кг., а оние кои три пати дневно пиеле сок од цитрон изгубиле по 1,5 кг. Истражувањето покажало дека постои физиолошка врска помеѓу цитронот и инсулинот. Хемиските својства на цитронот го намалуваат нивото на инсулин во крвта и го поттикнуваат слабеењето. Колку е пониско нивото на инсулин по јадењето, толку телото подобро ја обработува храната која ја користи како енергија, а помалку ја складира во телото во форма на масно ткиво.

Цитронот содржи многу вода, скоро 90%, а консумирањето на овошје со висок процент на вода го поттикнува внесувањето на течности во организмот. Според истражувањето, зголеменото внесување на вода дава повеќе енергија и помага за забрзување на метаболизмот.
Во секој случај, никако нема да имате штета доколку јадете цитрони редовно бидејќи нема масти, содржи малку калории и натриум, полн е со витамин Ц, и содржи бета каротен.

Маркетинг

Сепак, треба да обрнете внимание бидејќи поголеми количини на цитрони можат да влијаат на дејството на одредени лекови, што потенцијално може да предизвика сериозни нуспојави. Цитронот ги инхибира ензимите во дигестивниот систем, кои се задолжени за природно разградување и апсорпција на многу лекови. Кога се блокираат тие ензими, нивото на лековите во крвта се зголемува што може да доведе до нуспојави како труење. Затоа, доколку земате лекови, консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете да консумирате поголеми количини цитрони.

Најдобриот начин за да ослабете е комбинација од урамнотежена исхрана и физички активности. Не се препорачува дневно да внесувате помалку од 1100 калории и да се истоштувате со еднолични и брзи диети кои најчесто имаат краткотрајни резултати.

Диетата со цитрони е нискокалорична диета, која нутриционистите не ја препорачуваат, иако е многу популарна. Оваа диета настанала во 30-ите години на минатиот век. Обично трае 12 дена во текот на кои можете да изгубите околу 5 килограми ако правилно ја спроведувате. Доколку сакате да ја повторите морате да направите барем 2 дена пауза пред почнувањето на новиот циклус. Во текот на диетата Дневно се внесуваат околу 800 калории, и како што кажува самото име на диетата, многу цитрони што го забрзуваат метаболизмот. Со секој оброк треба да изедете по половина цитрон или да испиете 250 мл. сок од цитрон. Во диетата се забранети повеќето сложени јаглехидрати како компир, целер, грашок, житни снегулки, пченка, скробен зеленчук, тестенини, џемови, переци и сл. Се поттикнува консумирање на многу зеленчук кој можете да го подготвувате на путер (домати, пиперки, краставици, моркови, кромид, ротквици, брокула, праз, спанаќ, зелје, грав, зелена салата …). Дозволено е да се пие кафе или чај.

 

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина

Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
месо подготвено на кој било начин и во која сакате количина
салата или зеленчук подготвен на путер.

Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
месо или риба подготвени на кој било начин
салата
1 шолја кафе или чај

Пред спиење
250 мл. сок од домати или 250 мл. немасно млеко

• Пијте доволно течности, барем 8 чаши вода дневно. Водата е важна за сите телесни функции, а нема калории.
• Придржувајте се на точно наведените количини на цитрони или сок од цитрони. Цитронот делува како катализатор кој го поттикнува процесот на согорување на маснотии.
• Иако кафето е дозволено, обидете се да не пиете повеќе од 1 шолја дневно бидејќи влијае на нивото на инсулин.
• Не јадете помеѓу оброците. Придржувајте се само на планираните оброци.
• Во текот на оброкот, изедете доволна количина за покасно да не огладните.
• Можете два пати или три пати да ги зголемите порциите на месо, салата или зеленчук.
• Немојте се да исфрлите од исхраната, особено сланината за појадок и салатите. Овие комбинации ги согоруваат маснотиите, а нивното изоставање може да влијае на успешноста на диетата.
• Вежбањето во текот на диетата не се препорачува поради ограничениот внес на калории. Оваа диета не обезбедува доволно калории за вежбање.

Пример за еднонеделно мени:

Ден 1

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
варено говедско, пилешко или риба
салата од домати
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
пржена риба
мешана салата (домати и зелена салата)

Ден 2

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
овошна салата
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
плескавица
варен зеленчук

Ден 3

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
салата со туна
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
2 немасни парчиња свинско
мешана зелена салата

Ден 4

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
2 јајца
свежо сирење
пржени тиквички
1 парче интегрален тост
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
пржено пилешко
варен спанаќ

Ден 5

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
тврдо сирење
спанаќ
1 парче интегрален тост
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
пржена риба
зеленчук на путер или зелена салата
1 парче интегрален тост

Ден 6

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
овошна салата
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
пржено пилешко
мешана салата (домати и зелена салата)

Ден 7

Појадок:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
кафе или чај
2 јајца подготвени на кој било начин или 2 парчиња сланина
Ручек:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
варено пилешко
зеленчук на путер
Вечера:
1/2 цитрон или 250 мл. незасладен сок од цитрон
пржено телешко
мешана салата

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button