Прочитајте како да направите вкусна мрзлива пита со кокосово брашно која е посна и без масло. Маркетинг СОСТОЈKИ300 гр. кокосово брашно ПОДГОТОВKA Маркетинг Измешајте го брашното, кокосовото брашно и шеќерот. Од добиената смеса извадете 7 лажици, а остатокот поделете го на два еднакви делови. Во плех обложен со хартија за печење ставете ја едната половина и убаво израмнете. Потоа ставете ги изренданите јаболки заедно со сокот што се исцедил од нив и пак убаво израмнете. Над јаболките истурете го остатокот од смесата плус седумте лажици што ги извадивте претходно. Убаво израмнете и оставете да отстои околу 2 часа за да може кокосот да го впие сокот од јаболките. Потоа печете на 250°C околу 10 минути, a потоа на 200°C околу 40 минути. Откако ќе се испече, оставете ја питата убаво да се олади, а потоа исечете ја на парчиња во саканите димензии. Како и секоја друга мрзлива пита, најдобро е да отстои еден ден пред да ја послужите. Пријатно! {JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right} |