Ако сакате да ослабите прво и основно што треба да земете во предвид е дека храната не е ваш непријател.
Храната е многу важна за правилното функционирање на организмот, што значи дека ако вашиот организам не работи како треба ќе имате поголема штета одошто корист. Кога велиме да ослабиме за 2 недели не мислиме да ослабиме 20 килограми со изгладнување и истоштување на организмот. Треба да внимаваме да не го загрозиме физичкото и психичкото здравје и да си поставуваме реално остварливи цели, бидејќи тоа е тајната формула за успех!
5 совети како да ослабите за 2 недели:
1. Престанете да јадете брза храна и исфрлете ја целата слична преработена и мрсна храна од вашето мени. Престанете да купувате чипс и слични грицки, чоколади, колачиња, сладоледи и заобиколувајте ги сендвичарите и бурекџилниците.
2. Престанете да консумирате газирани пијалаци и алкохол, наместо тоа префрлете се на минерална вода, може и со лимон.
3. По ручекот излезете на прошетка од 20-30 минути, што ќе ви помогне побрзо да се свари храната, а прошетката ќе ве наполни со додатна енергија.
4. Ако сакате да ослабите за две недели, морате секој ден задолжително да се занимавате со физичка активност. Одвојте барем 20-30 минути за пливање, возење велосипед, брзо одење, танцување …
5. Јадете 6 мали оброци дневно. Намалете ги порциите и обидете се да јадете што е можно повеќе варена храна, а помалку печена.
Ако ги следите овие совети во наредните две недели, ништо нема да ве спречи да се ослободите од несаканите килограми и пријатно да се изненадите кога следниот пат ќе се качите на вагата да се измерите!