Погледнете го овој рецепт со кој можете да направите совршен појадок наутро кога немате многу време.
Во чашата имате калиум (потасиум), антиоксиданти, витамин Д…
Состојки: 200 мг свежa боровницa, 1 поголема банана, 175 мл густ јогурт со ниска масленост, 65 мл немасно млеко, 4-6 коцки мраз, 1 лажичка мед (по п)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Една шолја со 150 грама боровница содржи само 84 калории
Најпрво измијте ги боровинките и ставете ги во блендерот, а потоа додадете ја бананата пресечена на парчиња, потоа јогуртот и млекото, лажичката со мед и коцките со мраз. Сето тоа измешајте го до посакуваната густина (минута до две).
Се служи ладно!
Совет: овој рецепт можете да го направите и кога ќе ви остане исечено овошје во фрижидерот (банани, киви, јаболки), па за да не се исуши, слободно измешајте ги со јогурт или кисело млеко, додадете јагоди или боровинки и појадокот ви е готов. Станува збор за одличен појадок за целото семејство, од најмладите па се до највозрасните, а доколку сакате можете и да додадете неколку свежи семки.
Доколку во моментот немате боровинки, а сакате да го испробате рецептот, тогаш во блендерот додадете мермелад од боровница или јагоди.
Пријатен апетит!