Како девојка која верува во себе со сигурност можам да кажам дека долната облека како поклон секогаш ни е добредојдена.
Но, исто така, само кога ќе се подзамислам малце и кога ќе се присетам колку тешко ние, самите, ја избираме долната облека кога сме во шопинг, тогаш можам само да замислам како му е на еден просечен маж кога треба да купи нешто такво за нас. Токму и затоа решив да одвојам малце од своето драгоцено време и да направам една листа која што треба да им послужи на претставниците на посилнот пол доколку се решат да й купат на својата сакана токму ваков подарок. Но, да тргнеме по ред:
Бидете сигурни дека ја знаете вистинската бројка
Големината е главното нешто што треба да го знаете доколку сакате да ја изненадите вашата сакана со еден нов пар гаќички, градник или нешто слично. Но, доколку не ја знаете истата, тогаш прикрадете се до нејзиниот гардеробер и погледнете ги величините на нејзиниот градник.
Доколку ова ви е тешко да го изведете, тогаш обидете се да го направите тоа преку нејзината сестра, пријателка.. Оваа информација морате да ја добиете инаку големи се шансите да погрешите. Освен ако не й купите нешто што трпи мали отстапки во величината: бебидол, луксузно кимоно, интересни пижами.
Ибегнувајте радикални чекори!
Ако твојата девојка сака обична, комфорна долна облека и вие никогаш не сте ја виделе во нешто посекси од француски боксерици, тогаш сигурно ќе погрешите доколку и набавите нешто што доаѓа директно од жешките ходници на вашата фантазија. Размислувајте на нешто што таа барем некогаш би го носела.
Не играј ептен на сигурно
Од друга страна пак не е ни пожелно да и купувате на саканата нешто што таа веќе го има или пак што самата никогаш не би го купила. Само држете се до нејзиниот стил, одберете ја нејзината омилена боја и купете го она во кое што таа ќе ви изгледа најслатко – но внимавајте, зборот „најслатко“ никако не смеете да го помешате со зборот „најсекси“, што во многу ситуации би можело да значи и „најпорно“!
Побарајте стручно мислење
Додека се наоѓате во продавница за долна облека не срамете се да побарате мислење од продавачките во врска со вашиот поклон. Тие се тренирани да се снајдат во ситуација во која што се наоѓате вие. Знаеме дека не е лесно да се најдете очи во очи со сите тие парченца секси гардероба, каде атмосферата за вас е крајно наелектризирана.. но доколку внимателно го слушате мислењето на продавачката и се обидете да разберете што сака таа да ви каже, не можете да погрешите!
Доколку немате голем буџет
Доколку се наоѓате во ваква ситуација, т.е. немате доволно сретства за нешто луксузно и гламурозно, тогаш одберете некои интересни гаќички или пак сексапилни чорапи кои што ќе и се допаднат на вашата сакана.
Ако таа, барем понекогаш, носи еротска долна облека, тогаш и вие побарајте нешто што ќе има доза на еротика во него. Тоа можат да бидат обични гаќички со тантела и панделки или пак еротски чорапи со секси бобици. Само внимавајте – границата помеѓу еротиката и порнографијата е тенка!
Одберете нешто што е во тренд
Не заборавајте дека за разлика од вас, жените секогаш следат што е во тренд па дури и кога се работи за долната облека, Затоа, пред да тргнете во шопинг, добро проучете што е во тренд, а што е не, па дури тогаш излезете и побарајте го вистинското парче за вашата сакана. Доколку го погодите нејзиниот вкус, наградата што ќе ја добиете за возврат, сирурно ќе ви се допадне!