Реклама
Портрети

Маја Ристевска

Реклама

Маја Ристевска дефинитивно е една од најуспешните и најбараните манекенки која живее и работи во Македонија.

Таа е манекенка од агенцијата Мак Моделс, а на последниот моден викенд беше прогласена за најдобра манекенка. Има соработувано со скоро сите позначајни дизајнери во Македонија и секогаш се наоѓа на врвот на листата на девојки со која дизајнерите сакаат да соработуваат. Гледано од нејзина страна, таа би соработувала со сите што го почитуваат и вреднуваат нејзиниот труд, додека стилот и вкусот е помалку важен, бидејќи таа на писта е врвен професионалец и секое парче го носи онака како што тоа го замислува дизајнерот.

Маркетинг

Што се однесува до тајната на нејзиниот беспрекорен изглед, таа лежи во брзиот метаболизам, бидејќи како што самата ни кажа во едно интервју, навикната е да внесува големи количества вода, па најверојатно поради тоа, но и поволната генетика, Mаја нема нема никакви проблеми со одржувањето на тежината.

Маркетинг

Сака едноставни парчиња, но знае да ги комбинира несекојдневно, не пати по она што во моментот е најмодерно и во тренд, а нејзина добитна комбинација се фармерки, долги џемпери и кошули и не многу високи потпетици. Ги сака и фустаните, без разлика дали се едноставни или драматични, но да не се премногу кратки или нападни.

lookbook »

Интервју со Маја »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button