Реклама
Култура[тор]

Со визуелно учење до комплетно осознавање

Реклама

„Ние сме визуелни“ e новиот прирачник наменет за формални и неформални едукаторикој нуди методологија базирана на употребата на документарниот филм во процесот на едукација за човекови права, а кој го издадоа и промовираа Здружението за промоција на документаристикa “Македокс” и Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“.

Маркетинг

Прирачникот е наменет за наставниците и неформалните едукатори за човекови права на млади на возраст од 12-16 години. Тој има за цел не само да го збогати процесот на образование за човекови права и теми од општествена важност со креативна и инклузивна употреба на аудио-визуелни материјали, туку и да ја зголеми свесноста на младите за нивните права и одговорности, да ги сензибилизира за различните и различностите и да ги поттикне на граѓанска одговорност и граѓанско делување.

Прирачникот е двојазичен (македонски и албански), и е составен од 10 ДВД-а со 12 филмови и предлог активности за нивна употреба во образовниот процес.

Маркетинг

„Ние сме визулени“ се темели на концептот на визуелно и искуствено/интерактивно учење, кој овозможува младите потрајно и поефикасно да ги доживеат и според тоа полесно да ги интегрираат и осознаат пораките, знаењата и вештините пренесени преку внимателно избраните креативни документарни филмови. Користењето на ваков вид материјали во голема мерка ја зголемува инклузивноста во процесот на учење и поучување, особено затоа што ги опфаќа и младите со визуелен стил на учење.

Досега во рамките на проектот „Ние сме визуелни“ се реализирани три фокус работилници со наставници и неформални едукатори за човекови права и млади на возраст од 12-16 години од цела Македонија. Понудените содржини во прирачникот од нивна страна беа оценети како добри и лесни за примена, корисни и потребни за целната група, адекватни и применливи во нивната пракса, а филмовите како соодветни, разбирливи, интересни и важни.

Прирачникот е резултат на партнерски проект помеѓу „МакеДокс“ и ЦРИС „Студиорум“ од Скопје, филмскиот фестивал  „Документ“ од Глазгов, Интернационалниот филмски фестивал на човекови права од Нирнберг и филмскиот фестивал „Мувис дет метер“ од Амстердам, а се реализира со поддршка на Извршната агенција за образование, аудиовизуелни уметности и култура на Европската унија (ЕАЦЕА).

Во следната фаза од проектот, МакеДокс предвидува организирање на работилници за обука на сите наставници и неформални едукатори во Македонија кои се заинтересирани за негова примена.

{youtube}GsDh7ICRyKo{/youtube}

Ова е втор едукативен прирачник со документарни филмови во издание на МакеДокс. Првиот насловен како „МакеДокс во училница“ е наменет за наставниците по социологија и граѓанско образование во средните училишта во РМ. Со поддршка на Националната фондација за демократија од Вашингтон и Американската амбасада во Скопје, а со одобрение на Министерството за образование на РМ во рамките на овој проект се обучуваат и бесплатно го користат 120 наставници од средните училишта во РМ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button