Не е лесно да јадете иста храна секој ден, постојано воздржувајќи се од храната која што ја сакате, па затоа не е ни чудо што многу жени не успеваат до крај да ја издржат диетата.
Еве како да држите диета, и по малку да правите отстапки од строгиот режим, и повторно да слабеете.
Запомнете колку калории содржи вашата омилена храна
Доколку точно знаете колку калории содржи парчето пица која што ја обожавате, или во краен случај една мала пастрмајлијата без која не можете, тоа може многу да ви помогне во тоа како да ги распоредите калориите во остатокот од денот.
Прелажете го системот
Најлесен начин да се почестите, а сепак да се држите до планот за здрава исхрана е да го измамите системот така што ќе ја контролирате големината на порцијата. Доколку ви се јаде благо, еве на пример некоја слатка, тогаш одвоете го „капакот“ и тргнете го на стран, а пота изедете само пола слатка со сирење…
Јадите здрави намирници
Ова е многу едноставно. Во исхраната внесете намирници кои се здрави, на пример доколку сакате мрсно сирење, од време на време изедете едно парче, подобро отколку на сила да се обидувате да јадете немрсно сирење на сила и тоа во големи количини кое навистина има вкус на пластика (и поради тоа уште повеќе копнеете по вистинското сирење).
Засилете ги вежбите
Доколку ве чека роденден или некоја дрруга забава која што ќе изобилува со јадење, правете малку потешки вежби неколку дена пред и по гозбата.
Внимавајте додека јадете
Сигурно ви се случило да грицкате додека правите некои други работи и притоа воопшто да не размислувате ниту за тоа што јадете, ниту пак за вкусот што го јадете. Затоа треба да се фокусирате на тоа што го јадете, па така, доколку јадете парче торта, максимално фокусирајте се на тоа и уживајте во секој момент.