Диети

Балон диета – слабеење со помош на балон во желудникот

Advertisement

Некои познати ѕвезди го применуваат овој метод на слабеење, кој се заснова на голтање на таблета која подоцна ќе се надува како балон и на тој начин го намалува просторот во желудникот, но сепак, докторите не се согласуваат со оваа метода.

Advertisement

Се појави нов тренд на слабеење, таканаречен – таблета Обалон. Еве на кој начин функционира сето тоа:

Најпрво голтате таблета која е споена со тенка цевка. Потоа низ таа цевка докторот го надувува балонот кој останува во вашиот желудник, а цевката се отстранува. Постапката може да трае три месеци, што вклучува промена на три балони.

Процесот на вадење на балонот се одвива така што докторот го издишува балонот влечејќи го кон устата. Балонот во желудникот треба да создаде чувство на заситеност и нема да остави голем простор за внесување на храна. Докторот, кој е и автор на книгата „Disease Proof“ , Дејвид Катц вели дека оваа постапка може да има многу опасни нус појави.

Advertisement

„Секогаш кога во системот за варење ќе се внесе надворешно тело, можно е да дојде до затвор и пукање. Во смисол на затвор би можело да се создадат пречки кои би спречиле содржината од желудникот да дојде до цревата, што може да доведе до повраќање, па дури и смрт. Што се однесува до пукањето, балонот би можел, да го притисне желудникот  да го растегне или пак да го прошири до хранопроводот, што би можело да предизвика внатрешно крварење, инфекција или чир“ – објаснува Катц.

Покрај ова, докторот тврди дека со ова нема да ја подобрите исхраната, туку само ќе ја намалите количината што ја внесувате, што секако не е препорачливо и нема долгорочни придобивки.

„Најдобро за здравјето е да се храните здраво, а методата балон, т.е. балон Отаблетите нема да ви помгнат во тоа“, категоричен е докторот.

Оваа метода би можела да доведе и до оштетување на слузницата на желудникот, што во краен случај би можело да резултира со тоа да јадете повеќе. Односно, слузницата на желудникот има регулатор кој што допринесува за чувство на заситеност. Бидејќи балонот ја трие слузницата, Катц претпоставува дека тој сигнал би можел со време да се изгуби и да стане нечувствителен, што ќе придонесе таквата личност повеќе да јаде.

Инаку, до пред некое време се шушкаше дека српската пејачка Наташа Беквалац ја применува оваа диета, а деталите за ова можете да ги прочитате на следниов линк.

Наташа Беквалац на прагот на анорексија »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button