Рецепти

Рецепт на денот: Переци

Реклама
Реклама

Подгответе сами прекрасни златни переци за само дел од цената што ја плаќате по пекарниците и уживајте во прекрасниот вкус.

Состојки:
(1 шолја = 250 мл.)

Маркетинг

2 шолји млеко
1 кесичка сув квасец
6 лажици кафеав шеќер
60 гр. путер, на собна температура
4,5 до 5 шолји брашно
2 лажички сол
1/3 шолја сода бикарбона
2 шолји вода
крупна морска сол, за посипување
10 гр. лажици путер, растопен, за премачкување

Подготовка:

Маркетинг

Загрејте го млекото да биде мако, никако топло, и во него додадете го квасецот и лажичка шеќер. Оставете да отстои десетина минути за да стаса квасецот. Стасаниот квасец ставете го во поголем пластичен сад, па додајте го остатокот од шеќерот, омекнатиот путер, 1 шолја брашно и 2 лажички сол. Добро измешајте со лажица за сите состојки убаво да се соединат. Постепено додавајте го остатокот од брашното додека не се формира топка која ќе се одвојува од страните на садот. Месете уште пет минути додека не добиете еластично тесто. Покријте го со пластична фолија и оставете го на топло месо да се удвои волуменот, околу еден час. Кога тестото ќе нарасне, вклучете ја рерната да се загрее на 180C. Обложете два поголеми плехови со хартија за печење. Стасаното тесто префрлете го на подлога на која сте посипале брашно и благо притиснете го. Поделете го на 12 парчиња. Додека работите со еден дел од тестото, останатите чувајте ги покриени со пластична фолија или чиста крпа за да не се сушат. Посипете само малку брашно на масата односно подлогата па секој дел од тестото развлечете го во трака долга околу 40 см. Во плиток сад измешајте сода бикарбона и врела вода. Секоја трака потопете ја во добиената течност и оставете ја неколку секунди. Потоа префрлете ја на подготвениот плех и обликувајте го перекот. Продолжете ја постапката и со останатите делови од тестото додека не го потрошите целото тесто. Во еден плех ќе ви собере 6 переци. Формираните переци посипете ги со крупна сол и печете ги во загреаната рерна десетина минути, додека не добијат убава златна боја. Готовите переци, уште топли, премачкајте ги со малку растопен путер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button