Популарниот др. Мехмет Оз во својата емисија откри три „меѓународни тајни“ кои ќе ви обезбедат сигурно слабеење.
Доколку ги вклучите во секојдневната прехрана, ефектот може да биде кумулативен и да ви овозможи губење од 8 килограми за 12 месеци.
Тајната на Унгарците
Процесот кој што го користат за да подговтат зеленчук е диетна тајна која на Унгарците им обезбедува слабеење. Скоро и да нема калории во киселиот зеленчук, па затоа претставува идеална храна за грицкање за многумина.
Оцетот кој се користи при процесот може да го спречат растот на масните станици, а со тоа се олеснува и губењето на вишокот килограми или пак, се спречува дебелеењето. Од друга страна кај овие зеленчуци треба само да внимавате на количеството сол кои што го содржат.
Швајцарска тајна
Тајната на виткиот струк на Швајцарките лежи во нивната раноутринска порција со мусли. „Секогаш им ги препорачувам муслите на оние на коишто овесната каша им е здосадена. Станува збор за житарици од цело зрно, што значи дека ве заситуваат и помагаат да ја контролиратре желбата за непотребните благи работи“, тврди популарниот лекар.
Овие житарици треба да се јадат со млеко кое не содржи многу маснотии или јогурт (со околу 0.9 отсто маснотии), а можете да додадете и една рака свежо зрнесто овошје и јаткасти плодови.
Тајната на Јужна Африка
Храната во Јужна Африка е толку мултикултуларна што е позната и како „кујна на виножитото“, но не е важно само тоа што жените го јадат од ова поднебје за да бидат послаби, туку и тоа што го пијат. А тоа е чајот rooibos“, објаснува др. Оз. За разлика од црнот чај, rooibos чајот не содржи коефеин, што го прави посоодветен за конзумирање преку целиот ден за сите возрасни групи, а особено за оние кои патат од несоница, нарушено спиење, стрес или напнатост.
Бидејќи станува збор за чај кој има природно сладок вкус, не е потребно дополнително да се засладува. Обидете се да замените една чашка црно кафе со овој чај и можете да бидете сигурни дека ќе изгубите 3.41 килограми за една година. Може да се пие и ладен, се меша со сок од портокали, а некои го користат и за коктели.
Извор: Ordinacija.hr