Рецепти

Печено пилешко со 40 чешниња лук – најдобриот рецепт за 2013

Реклама
Реклама

Еден од најпопуларните рецепти во светот во 2013 година беше рецептот за печено пилешко со 40 чешниња лук.

Маркетинг

Доколку веднаш се откажувате од ова јадење, кога ќе помислите колку лук ќе треба да излупите, верувајте, трудот ќе ви се исплати, односно ќе заборавите на маката кога ќе го пробате ова превкусно јадење.

Лукот е неприкосновен борец против настинките кои не мачат во зима, а му се припишуваат и заслуги во борбата против канцерогените болести. Старите Египќани го јаделе за да бидат посилни и поиздржливи, а Грците го консумирале пред Олимписките игри за ништо да не им се попречи на патот кон победата.

Многу светски готвачи го користат како неизоставен дел на супите и сосовите, а неретко се додава и при печење на месо. Во зависност од готвачот и вкусовите може да се користи со лушпа или излупен, во чешниња или исечкан Рецептот кој денес ви го претставуваме ќе ги воодушеви сите љубители на лукот бидејќи во него се користи излупен со што неговиот вкус е поинтезивен.

Маркетинг

Рецепт – печено пилешко со 40 чешниња лук

Состојки:

3 лажички маслиново масло, 1 пиле исечкано на парчиња, 40 излупени чешниња лук, ½ шолја вермут, ¾ шолја пилешки бујон, сол и бибер по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната до 200 степени. Во подлабока тава загрејте го маслото па испржете ги парчињата пилешко на среден оган, од сите страна, додека не добијат златна боја. Потоа пилешкото преместете го во сад за печење, а на тавата испржете ги 40-те излупени чешниња лук додека не добијат златна боја.

Потоа залијте ги со вермут и додека алкохолот испарува со дрвена или пластична лажица истругајте ги сите остатоци од прженото пилешко и лукот. По две минути, кога вермутот малку ќе се намали додајте го бујонот и варете додека лукот не омекне. Префрлете ¼ од лукот во садот за печење каде го ставивте пилешкото, а останатиот дел изгмечете го или иситнете го со миксер заедно со останатата течност па прелијте преку пилешкото.

Печете во рерна околу 15 до 20 минути додека месото не стане меко. Послужете го со пире или печен компир, ориз или варен зеленчук. Добар апетит!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button