Диетата 3 часа ја осмисли фитнес тренерот Џорџ Круз кој настојувал да пронајде идеална диета кај која нема да има гладување ниту забранета храна.
Во неговата истоимена книга која е распродадена во милиони примероци тврди дека диетата има најдобри резултати доколку се јаде во мали количини и тоа на секои 3 часа.
Круз вели дека оваа диета го забрзува метаболизмот, ја зголемува енергијата и го намалува апетитот благодарение на малите редовни оброци. Оваа диета нуди стабилно и здраво губење на тежината од по 1 килограм неделно.
Диетата 3 часа е многу едноставна, треба да се следат само 3 основни правила:
1. Треба да појадувате во рок од еден час откако ќе се разбудите
2. Потоа, по појадокот треба да јадете на секои 3 часа
3. Последниот оброк треба да ви биде 3 часа пред да отидете на спиење. Главните оброци треба да содржат овошје и зеленчук, и исто така се препорачува во текот на денот да се испијат 8 чаши вода.
Строго е забранета брза храна и алкохол. Кофеинот не е забранет, но за секоја шолја кафе што ќе ја испиете треба да испиете дополнителни две чаши вода.
Кај диетата 3 часа за секој оброк е определен максималниот број на калории што можете да го внесете. За појадок, ручек и вечера можете да внесете максимално по 400 калории, додека за два меѓуоброци дозволениот калориски максимум изнесува 100 калории.