За подготовка на ова вкусно јадење ќе ви биде потребно околу половина час.
Не ви се потребни никакви посебни кулинарски вештини бидејќи станува збор за многу едноставно, но многу вкусно и интересно јадење. Одличен избор за главно јадење, посебно кога немате многу време за готвење!
Состојки:
– 1 кг. компири
– половина литар млеко
– една до две кисели павлаки (од по 200 гр.)
– 1 лажица путер
– 2-3 чешниња лук
– рендан кашкавал
– сол, бибер
Подготовка:
Ставете ги млекото и павлаката во тенџере, почекајте да зовријат, па додајте го путерот и лукот. Потоа додајте ги исечените компири и варете ги околу 5 минути. Зачинете со сол и бибер.
Во меѓувреме земете еден соодветен огноотпорен сад и премачкајте го со путер, па истурете ја во него содржината од тенџерето и на крај посипете ја со рендан кашкавал. Печете додека не стане златно и крцкаво. Пред да го послужите, оставете го јадењето малку да се олади, па потоа уживајте во прекрасниот вкус.
Пријатно!
Извор на текстот и фотографиите: kulinarika.net