Погледнете ги овие интересни рецепти за неочекувани и поздрави верзии на брза храна сместени во книгата „Црвено, зелено, јади правилно“.
Станува збор за јадења како хот дог со банана, пица со овошје, немрсен домашен помфрит, здрави хамбургери и сладолед само од јогурт.
Книгата „Црвено, зелено, јади правилно“ е интересен домашен прирачник на педијатарката и специјалист за прекумерна тежина кај деца Џоана Долгоф, која покрај рецептите за здрава храна прилагодени за деца, ни претставува и информации за правилна исхрана, идеи за вежби за тело, т.е. бројни совети кои можат да го олеснат процесот на здравото слабеење. Она што ја разликува оваа програма за слабеење од останатите е тоа што е осмислена врз основа на светлата на семафорот – црвено (стој), жолто (успори) и зелено (тргни) и е прилагодена на потребите и желбите на децата.
Бананадог
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/food-drink/recepti/13237-recepti-za-zdrava-brza-hrana?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Време за подготовка: 3 минути
Состојки
1 лажичка путер од кикиритки
1 лесно пециво (од бело брашно или интегрално) за хот дог
1 банана
2 лажички мармалад без шеќер
Подготовка: Во внатрешноста на пецивото намачкајте путер. Ставете ја бананата во пецивото. Намачкајте го незасладениот мармалад врз бананата, поклопете и хот догот е подготвен за јадење!
Овошна пица
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/food-drink/recepti/13237-recepti-za-zdrava-brza-hrana?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Време за подготовка: 10 минути
Време за печење: 10-15 минути
Вкупно време: 25 минути
Состојки:
Интегрално тесто за пица со тенка кора, со пречик 30 см
2 лажички немрсен јогурт
Исечено овошје (јаболка, грозје, диња, манго, јагоди, боровница)
Подготовка: Загрејте ја рерната на 230 степени. Испечете го тестото за пица па оставете го да се излади. Премачкајте го со јогурт. Распоредете го исечканото овошје врз тестото. Пресечете на пет парчиња.
Печени кришки од компир
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/food-drink/recepti/13237-recepti-za-zdrava-brza-hrana?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Време за подготовка: 10 минути
Време за печење: 25 минути
Вкупно време: 35 минути
Состојки
Четири компири (секој по околу 100 грама)
2 белки од јајце (не мешајте ги)
Растително масло
Мешавина на зачини без сол по желба
Подготовка: Загрејте ја рерната на 220 степени. Пресечете го компирот на кришки или доколку сакате помфрит, на потенки парчиња. Потопете ги кришките или тенките парчиња компири во белките па ставете ги во тавче кое сте ставиле растително масло. Зачинете со зачините без сол и печете 25 минути ако станува збор за кришки компири или пак околу 20 минути ако се потенки парчиња помфрит, или едноставно додека компирите не добијат убава боја.
Вкусна говедска плескавица
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/food-drink/recepti/13237-recepti-za-zdrava-brza-hrana?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Време за подготовка: 5 минути
Време за печење: 10 минути
Вкупно време: 15 минути
Состојки
½ екстра свежа кртина од мелено говедско месо (95 % без коски)
¼ шолја мелен кромид
½ до 1 лук (по желба), изгмечен
2 лажички сечкан свеж магданос
2 лажички сос од домати
1 лажичка Ворчестер сос
1 белка
Подготовка: Во голем сад со виљушка измешајте ги сите состојки. Од добиената смеса обликувајте четири плескавици со дебелина помала од 2 см. Печете ги од 5 до 6 минути од секоја страна. Ставете ја плескавицата на загреано лепче, додадете салата и домат па зачинете со малку сенф или кечап.
Замрзнат јогурт на стапче
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/food-drink/recepti/13237-recepti-za-zdrava-brza-hrana?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Време за подготовка: 5 минути
Вкупно потребно време: 24 часа
Состојки
Овошен јогурт со помалку маснотии
Сечкани јагоди
Дрвени стапчиња
Подготовка: Во еден сад измешајте ги јогуртот и јагодите. Наполнете мала книжна или пластична чашка со смесата од јогуртот и јагодите и покријте ја со алуминиумска фолија. Забодете го стапчето во средината на чашката преку фолијата и оставете да се замрзне преку ноќта. Утредента извадете го сладоледот од калапот и уживајте.
Па, кој ќе биде првиот рецепт што ќе го пробате?
Извор: klokanica.hr