Како со малиот црн фустан да ги сокриете неостатоците, а да ги истакнете предностите
Во малиот црн фустан жената не може да биде премногу лежерно или премногу свечено облечена, изјави еднаш Карл Лагерфилд, додавајќи дека секогаш, со мали варијаци во кројот, малиот црн фустан ги сокрива недостатоците.
Откако Коко Шанел го направи малиот црн фустан во 1926 година, тој веднаш беше прогласен за класика. Краткиот, непретенциозен вечерен или коктел фустан беше споредуван со моделот Т на Форд, кој тогаш беше првиот автомобил достапен за сите – едноставен, со ниска цена и црн.
Првиот мал црн фустан беше без ракави и со должина до малку над колената, а Коко го креираше за на него да не се познаваат флеки, значи од практични причини. Најпрво беше замислен за коктел забави и попладневни излегувања, но со интересно сако можеше да послужи и за деловни комбинации.
За деловните жени е многу важно фустаните со многу малку детали да можат да се претворат во елегантен и префинет вечерен фустан, за да не мораат да одат дома да се пресоблекуваат.
А малиот црн фустан е идеален за таа намена. Едноставно, Коко Шанел, можеби без да сака, го претвори малиот црн фустан во олицетворение на женската убавина и симбол на женственост и елганција.
Со малку подобар накит и мали украси, т.е. долги црни ракавици, салонки со високи потпетици (ова е заолжително) и соодветно избрана чанта ќе блеснете на деловна вечера. А само ако додадете марама или шал, очила за сонце, малку поинаква фризура и големи бисери вие ќе изгледате потполно поинаку. Фустанот може да биде изработен од едноставни материјали (Коко преферира тоа да биде жерсеј), без никакви модни додатоци.
Токму затоа малиот црн фустан стана основен дел на женската гардероба, така што е потребно само да се избере вистински крој и квалитет кој може да се употреби скоро во секоја пригода.
ТОП 50 МАЛИ ЦРНИ ФУСТАНИ » |
Кликнете на секој бренд посебно и видете ги најдобрите 10 модели од тој бренд.
BERSHKA, MANGO, STRADIVARIUS, PULL&BEAR, ZARA