Реклама
Кафе муабет

Коледарски оган – дали треба да ја задржиме или да се откажеме од нашата традиција?

Реклама

Бадник или Коледе е денот пред роденденот на Исус Христос, односно денот пред Божиќ, според христијанската традиција.

ogan

Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бандик се прославува на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Во оновата на празникот е радоста на Христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање, денот кога завршуваат и Божиќните пости.

Маркетинг

Според традицијата, Бадник се прославува кај сите христијани, само што црквите кои се раководат според Грегоријанскиот календар, бадник го прославуваат на 24 декември.

Според традицијата, во Македонија за Бадник целото семјството се собира за вечера. Се подготвува богата, но посна трпеза: питулици, арма, грав компири,зелник, овошје и друго, со што треба да се обезбеди богат род на земјоделските култури за наредната година. Според обичајот, по вечерата софрата не треба да е крева, туку заедно со храната треба да остане цела ноќ, што е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, додека во некои места се верува дека тогаш доаѓаат и духовите на мртвите.

Маркетинг

На Бадник поред традицијата во секое семејство се меси погача во која се става железна паричка. Вечерта, кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослави трпезата, ја крши погачата на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи по еден дел за Бог и за куќата. Кај оној што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде најсреќниот во годината што претстои.

Рано изутрина на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др. Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893:
 
“    Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини, шаткини!
О. О. коледе!    ”     

Од друга страна, МПЦ гозбите и пиењето околу коледарските огнови ги смета за пагански обичаи кои се во целосна несогласност со црковното предание и со божикниот пост.

Кликни тука и види ги и другите коледарски песни.

Етимологија

Бадников оган by MLazarevski, on Flickr

 

Зборот Бадник веројадно доаѓа од старословенски – да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.

Историски аспект и раѓањето на Сонцето

Според истражувачите, во праисторијата овој ден бил поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна христијанската црка го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. Но, прекорот дела христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин возвратил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“

Црковно предание

Според евангелиските текстови, римкиот император Август издал заповед да се изврши попис на целото население во Империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамките на Римската империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија од Назарет тргнале за Витлеем за да се запишат во овој град, зашто и двајцата биле од родот Давидов.

Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот.

Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во една пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале своите стада. Ноќта силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син превенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил јавувајќи им ја радосната вест:

“Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.

Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот.

Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната ѕвезда на небото која ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и стоела кога тие одморале.

“И штом влегоа во куќата, го видоа Младенецот со мајка му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна” (Матеј 2/11). Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот – темјанот) и Цар (златото).

Денот на раѓањето на Исус Христос не е познат и во првите три века овој празник не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на животот, во тие времиња на робовладетелски општества. Во барањето на датумот кога тој да се празнува, Светата Христијанска црква решила тоа да биде денот кога во претхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце, а тоа бил 25 декември по Грегоријанскиот, односно 7 јануари по Јулијанскиот календар.

Иако има претпоставки дека празникот се празнувал и порано, според некои истражувачи за најрано споменување на овој празник, или за негово востановување се смета календарот на папата Либериј (Либеријански календар) од 354 година кога се празнувал во Рим.

За прв пат Божиќ е празнуван во Цариград, каде што го востановил св. Григориј Богослов.

МПЦ и обичаите што ги прави народот за овој празник

Пагански ритуал за време на празникот Иван Купула

Според владиците на МПЦ бадникарските огнови, а и собирањето на бадниковите гранчиња се пагански обичај и тие се спротивни на црковните обичаи.

Бадникарксите огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треб да ги одбележуваат деновите пред Божиќ, денот кога се празнува раѓањето на Господ . Според дотоинствениците на МПЦ, бадниковите теревенки што ги правиме покрај коледарските маалски огнови се пагански обичај, и тие се дел од култот кон греаната ракија, и немаат никаква врска со црковното предание и божиќниот пост. На тој начин само се уништува убавината и преданието на нашата празнична култура – потенцираат од МПЦ.

Од МПЦ укажуваат дека и бадниковото гранче нема никаква врска со македонската традиција, и дека станува збор за обичај кој е наилно внесен во нашите цркви по српската окупација на Вардарскиот дел од Македонија и по завршувањето на Првата светска војна.

„Ова е прашање на идентитет и со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со телото и крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шума отколку да се чекори по тесниот евангелски пат., велат во МПЦ.

Бадников оган – Маџирмаалски Средби

Од друга страна пак во редовите на МПЦ постојат и свештени лциа кои сметаат дека не треба да е гледа толку ригорозно кон овие обичаи, бидејќи тие сепак се дел од нашата традиција и дека некои од овие обичаи се славеле дури од 3 век во првите црковни општини на овие територии. Но тоа не знали дека треба а се пие ракија во големи количини, туку чашка до две, односно во умерени количини, за здравица кои верниците можат да си ги дозволат.

Но, сепак, поголемиот дел од свештенството не го дозволува ова и настојуваат овие традиции да се прекинат што поскоро:

„Бадник треба да се помине со молитвено бдеење во храмот. Не случајно во оваа пригода се читаат најмногу молитви. Постот нема никаква врска со пиењето ракија и грешка е ако некој мисли дека на тој начин ќе ги привлече луѓето кон Црквата, вели професорот од Теолошкиот факултет ’Св. Климнт Охруидски’ Јован Таковски за весникот Дневник.

{youtube}jJpT3GP9A6M{/youtube}

 

Стара византиска коледарска песна

Дали се согласувате наместо со ракија и пред оган, овие празници да ги поминеме во некој црковен храм, да присуствувате на некоја литургија, а потоа дома, за време на посната Бадникова вечера заедно со семејството да го прославиме и да се радуваме на раѓањето Исусово? Или пак, најдобро решение е да ги направиме и двете работи, и да ја задржиме традицијата по која се разликуваме од другите, но и која покажува со кои народи сме слични?

Што мислите за ова?

Извор: wikipedia, МН (македонска нација), Премин портал, Дневник …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button