Ресвератролот што се наоѓа во црвеното вино помага во заздравувањето на раните, во борбата против воспаленија и штити од губење на слухот што погодува повеќе од половината луѓе постари од 60 години.
Хемискиот спој од црвеното вино и ресвератрол штити од Алцхајмерова болест и губење на слухот, тврдат американските научници од Клиничкиот центар Хенри Форд. Тие откриле дека покрј бројните познати добри ефекти во спречувањето на срцеви заболувања и карцином, црното вино ги успорува и последиците од стареењето.
Исто така, црното вино може да помогне и во обновувањето на оштетениот слух што се јавува како резултат на изложување на бучава (журкаџии, турбо-фолкери и останати љубители на гласната музика, во црвеното вино е спасот!)
Ресвератролот што се наоѓа во црното грозје и вино е силна хемикалија што помага во процесот на зацелување, но и одржување на функциите кои што слабеат со годините, вели раководителот на истражувањето др. Мајкл Сајдман.
Оштетувањето и губењето на слухот погодува повеќе од половината луѓе постари од 60 години, но првите симптоми не ретко се јавуваат во 40-ите и 50-ите години. Идеална мерка за подобро здравје е чаша црно вино секој ден, не советуваат научниците.
Izvor: 24sata.hr