Диети

Диета со тиква: минус 6 до 8 килограми за само две недели

Реклама
Реклама

Оваа диета се држи во есенскиот и зимниот период бидејќи тогаш има тикви во изобилство.

Маркетинг

Се препорачува на оние кои сакаат брзо да се ослободат од вишокот килограми. Диетата трае две недели и во текот на овој период можете да ослабите 6-8 кг. Оваа диета содржи здрави намирници кои не само што ќе овозможат да ослабите туку и да го исчистите, оздравите и подмладите организмот. Тиквата е идеална храна за слабеење. Содржи протеини, маснотии, јаглени хидрати, пектин и минерали (калиум, калциум, железо, цинк), витамини од Б групата , Ц, Е, ПП, А. Исто така таа има и благи лаксативни својства. Тиквата е единствена по тоа што го содржи важниот витамин К кој ја регулира густината на крвта, и Т кој го регулира метаболизмот, а овие два витамини многу ретко можат да се најдат во останатите видови на зеленчук.

Во текот на диетата секој оброк мора да се зема точно на време. Времето си го одредувате сами во согласност со начинот на живеење и вашите дневни обврски. Диетата вклучува и ужини кои се состојат од незасладено овошје, чај или кафе без шеќер, минерална вода.

План за исхрана

Маркетинг

Ден 1
Појадок: тиква со моркови и сок од лимон, каша од тиква со додаток на житарки (ориз, просо или овес)
Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид, мала количина компир, зелен листест зеленчук и растително масло)
Вечера: печена тиква

Ден 2
Појадок: салата од тиква, каша од тиква и житарки
Ручек: пасирана тиква, супа од зеленчук
Вечера: овошје по избор

Ден 3
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и фиде (без компир)
Вечера: две парчиња тост и салата од тиква и ананас

Ден 4
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и динстана блага пиперка
Вечера: рагу (тиква, зеленчук и печурки)

На петтиот ден на диетата се повторува распоредот од почеток. Диетата се држи додека не ја добиете саканата тежина, најмногу две недели.

Диетата со тиква нема контраиндикации, но сепак не се препорачува за лицата кои имаат некакво заболување на дигестивниот тракт.

Секојдневна брза прошетка во траење од триесетина минути значително ќе ви помогне да постигнете подобри резултати од диетата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button