Ова е многу радикална и тешка диета со помош на која ќе се ослободите од 2 килограми за само два дена.
Во текот на двата дена на диета не се јаде ништо. Целта на диетата е да се ослободи телото од вишокот течности, кои во организмот се задржуваат поради внесување на солена храна.
Наутро се цедат 15 лимони и добиениот сок се меша со 3 литра обична вода и се додава 50 гр. мед. Ако ви е кисела лимонадата можете да ставите поголема количина мед. Лимонадата се пие цел ден и ги заменува сите оброци во текот на денот, и појадокот, и ручекот и вечерата. Следниот ден повторно ја подготвувате лимонадата по истиот рецепт и пак ја пиете цел ден.
Овој пијалак е несомнено добар за здравјето бидејќи и медот и лимонот се одлични чистачи на организмот. Лимонадата од мед и лимон може да се користи и како тоник за лице, со тоа што осетливите лица треба да внимаваат да не им предизвика алергија. Во текот на диетата се препорачува и масажа, бидејќи големата количина на лимонска киселина заедно со масажата ќе го намалат целулитот.
Се препорачува диетата да се држи кога сте дома, за време на викенд или одмор, бидејќи можете да се чувствувате исцрпено. Освен лимонадата можете да пиете и зелен чај или вода. Бидејќи станува збор за извонредно агресивна диета, не треба да се применува почесто од еднаш месечно.