Кога се во прашање обетките, оваа есен и зима важат две правила: што поголеми и што поневообичаени!
Тие се многу модерни и можат да направат една едноставна комбинација да изгледа екстравагантно и гламурозно. Бидете подготвени за комплименти кои ќе доаѓаат од сите страни, бидејќи ќе оставите впечаток каде и да одите.
Големите обетки можат да внесат малку драма во вашиот стил и затоа морате да имате неколку пара на располагање во секој момент. Дизајнерите и оваа година како и секогаш беа креативни, па се потрудија да направат толку многу модели, стилови и бои, така што веруваме дека постои голем избор за секоја девојка.
Без разлика дали ќе ги носите во лежерни комбинации или комбинации со раскошни дезени, големите обетки секогаш го привлекуваат вниманието и ја прават комбинацијата потполна и поинтересна.
Па девојки, останува само прашањето колку сте смели да се пуштите во експериментирање со овие XXL обетки. А овие девојки, во нашата галерија велат:
Носете големо или .. заборавете дека сте во тренд!
ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА » |