Популарната пејачка ќе го глуми ликот на Миа, посвоената сестра на Кристијан Греј, која што во книгата е прикажана како весела и забавна девојка која во слободното време свири на виолончело и течно зборува француски јазик.
Популарната пејачка Рита Ора ќе се придружи на екипата за филмот „50 нијанси на сиво“. Таа ќе го глуми ликот на Миа, посвоената сестра на Кристијан Греј, која што во книгата е прикажана како весела и забавна девојка која во слободното време свири на виолончело и течно зборува француски јазик.
Таа ќе глуми заедно со Џејми Доран и Дакота Џонс, а бидејќи ова не е нејзино прво појавување на филм, тоа нема да биде тешка задача за неа.
Таа претходно се има појавено во филмовите „Шпиони“ Spivs и во шестиот дел на „Пеколни улици“, филм во кој главната улога ја игра пол Пол Вокер, актерот кој пред неколку дена трагично го изгуби животот во сообраќајна несреќа.