За луѓето со оваа крвна група е многу важна поврзаноста помеѓу умот и телото. Луѓето со крвна група А се многу аналитични, со изразено чувство за детали.
Исто така се и многу креативни. Имаат големи барања, многу се емотивни но истовремено се смирени и воздржани. Силно реагираат на стрес поради зголемената концентрација на адреналин. Мораат силно да се трудат да го стават под контрола стресот, многу повеќе од припадниците на другите крвни групи. Чувствителни се за потребите на другите.
Луѓето со крвна група А се склони на заболувања како рак на дојка, рак на женските репродуктивни органи, рак на штитната жлезда, рак на коските и леукемија. Крвната група А исто така се поврзува и со псоријаза, егземи на кожата, акни, подуеност, низок шеќер, вознемиреност, депресија, чувство на слабост, висок холестерол.
На носителите на крвната група А им се препорачува да не ги прескокнуваат оброците, да јадат редовно во помали количини. Најмногу белковини треба да консумираат наутро. Храната треба убаво да се џвака за да се намали количината на желудочна киселина. Треба доволно да спијат, најмалку 8 часа. Редовно треба да прават прегледи на срцето. Да избегнуваат јаки парфеми.
Се препорачува редовна физичка активност и јога и хата јога за намалување на стресот, како и таи чи, длабоко дишење, ароматерапија. Поради лошата реакција на стресот луѓето со крвна група А лесно ја губат самодовербата. Стресот се намалува со физички активности, разговор и избегнување на кавги и конфликти, избегнување на диети. Сите крвни групи реагираат на стрес со зголемување на нивото на кортизол, ама само крвната група А има зголемено ниво на овој хормон сама по себе. Исто така има и повисоко ниво на адреналин од останатите крвни групи. Со правилна исхрана можете многу да си помогнете и да си го подобрите здравјето, па затоа проиучете што треба да јадете, а што треба да избегнувате.
Исхрана за крвна група А
Месо
Се препорачува: месото воопшто не се препорачува за крвната група А и треба да се избегнува колку што е можно повеќе.
Неутрални намирници: пилешко, мисиркино месо.
Да се избегнува: дивеч, говедско, јагнешко, телешко, коњско месо, патка, козјо месо, овчо месо, фазан.
Риба и морски плодови
Како извор на белковини, рибата е одличен избор за крвната група А.
Препорачани намирници: лосос, скуша, сардела, бакалар.
Неутрални намирници: шкампи, туна, зубатац.
Да се избегнува: морски ракчиња, лист, инчуни, школки, морски полжави.
Млеко, млечни производи и јајца
Препорачани намирници: во оваа група нема препорачани намирници и треба да се трудите да ги избегнувате.
Неутрални намирници: фета, јогурт, кефир, јајца од кокошка, козјо млеко, моцарела.
Да се избегнува: едамер, ементалер, гауда, путер, кравјо млеко.
Мешункасти растенија
Препорачани намирници: ваквите намирници се препорачуваат за крвна група А, па затоа потрудете се да ги внесувате постојано и во поголеми количини.
Препорачана храна: грав, соја, тофу…
Јаткасто овошје и семиња
Препорачани намирници: кикиритки, ореви, ленено семе.
Неутрални намирници: бадеми, костени, лешници, афионско семе, семки од сончоглед.
Да се избегнува: фастаци.
Житарки и скроб
Препорачани намирници: леб од цели зрна, хељда, хељдино брашно, пченичен леб, ржано брашно, оризово брашно, соино брашно, зобно брашно.
Неутрални намирници: јачмен, брашно со глутен, пуканки, пченка, рж, ориз, зоб.
Да се избегнува: пченични никулци, интегрална пченица, трици.
Зеленчук
Препорачани намирници: артичока, блитва, брокула, целер, лук, ѓумбир, рен, кромид, морков, праз, бела репка, спанаќ, алое, кељ.
Неутрални намирници: целер, печурки, краставици, зелка, зелени маслинки, ротквици, шпаргла, тиквички.
Да се избегнува: шитаки печурки, лути пиперки, компир, црни маслинки, пиперки, патлиџан.
Овошје
Препорачани намирници: ананас, боровинки, брусница, цитрон, капини, лимони, свежи смокви, суви сливи, цреши, вишни.
Неутрални намирници: авокадо, праска, диња, грозје, јагоди, јаболка, киви, круши, капини, лубеница, малини, урми, рибизли шипка.
Да се избегнува: папаја, банани, портокали, кокос, мандарини и манго.
Масла
Препорачани намирници: монозаситени масла како маслиново масло.
Неутрални намирници: бадемово масло, сончогледово масло, рибино масло, соино масло.
Да се избегнува: рицинусово масло, пченкарно масло, масло од кикиритки, кокосово масло.
Лековити билки, зачини и додатоци на храната:
Препорачани намирници: сенф, магданос, јачменов слад, соја сос.
Неутрални намирници: босилок, цимет, чоколадо, феферони, ким, коријандер, кумин, квасец, ловор, мајоран, мед, мускатно оревче, рузмарин, сол, ванила.
Да се избегнува: кечап, желатин, чили, бибер.
Пијалаци
Препорачани намирници: зелен чај, кафе, црно вино.
Неутрални намирници: бело вино.
Да се избегнува: минерална вода, благи газирани пијалоци, пиво, алкохолни пијалаци.
Предности на диетата
Соодветниот внес на витамин Ц кој се постигнува со диетата помага во стресни ситуации, кога расте неговата потрошувачка. Луѓето со прекумерна тежина често страдаат и од покачен холестерол и триглицериди, а со оваа диета значително се влијае на намалување на тежината и нормализирање на маснотиите во крвта. Диетата исто така многу поволно делува и на луѓето што страдаат од опстипација и дигестивни проблеми бидејќи содржи големи количини на влакна.
Недостатоци на диетата
Во оваа диета треба да се пази на доволен внес на протеини преку мешункастите растенија за да се избегне зголемено внесување на јаглени хидрати и маснотии на местото на протеините. Оваа диета содржи храна со полно влакна и голем волумен, па треба да се јаде почесто за да се внесе потребната енергетска вредност, што е недостаток во одржувањето на телесната маса но не и во фазата на губење на килограмите.
Мислења на стручни лица/ нутриционисти
Железото од растителни извори полошо се искористува во организмот отколку железото од животински извори, и затоа треба да се внесува во доволни количини. Исто така и витаминот Ц може да помогне во искористувањето на железото, а во оваа диета го има доволно доколку се јаде свежо овошје и зеленчук. Диетата е посебно погодна за лица со кардиоваскуларни проблеми бидејќи содржи малку маснотии, посебно заситени, а холестерол скоро и да не содржи, ако не се јаде риба.