Едноставна јапонска метода со која ќе се ослободите од болките во грбот и зглобовите
Луѓето кои ја испробале оваа рецепта велат дека само по три недели болките едноставно исчезнале!
Многу луѓе страдаат од укочен врат и болки во грбот и знаат колку тоа може да биде тешко и мачно и да ги попречува во секојдневните активности. Ви претставуваме една едноставна и евтина рецепта со која ќе ги „поправите“ зглобовите и ќе ги одржувате во добра форма, а истовремено ќе се ослободите и од болките во грбот.
Сé што ви е потребно е околу 150 гр. прехрамбен желатин, оној што се користи за слатки и торти, кој може да се купи во секој маркет. Оваа доза е доволна за еден месец.
Навечер ставете две рамни лажици во четврт чаша ладна вода, убаво промешајте да нема никакви грутчиња, и оставете ја смесата да отстои во текот на ноќта. Желатинот ќе набабри и ќе се претвори во желе. Добиената смеса треба да се изеде наутро на празен желудник. Можете и да ја измешате со сок или јогурт или пак да додадете малку шеќер или мед.
Луѓето кои ја испробале оваа рецепта велат дека само по една недела болките едноставно исчезнале. Се консумира еден месец, па се прави пауза од шест месеци, па потоа може пак да се повтори постапката – еден месец консумирате, па шест месеци пауза.
Желатинот ќе помогне буквално да се подмачкаат зглобовите. Желатинот е производ од животинско потекло кој се добива со хидролиза на колаген или од говедски коски.
Освен што помага за зглобовите и коските, оваа смеса исто така ја одржува кожата здрава, ја зголемува менталната стабилност, го забрзува метаболизмот и го подобрува квалитетот и растот на косата и ноктите.
Извор: Magazin.ba / Dnevno.hr