Нега и здравје

Сакате да имате колкови како Северина? Еве ја нејзината тајна …

Advertisement

Северина веќе подолг период тренира со нејзиниот личен тренер Марк Папа три пати неделно, а за време на турнеите го дуплира ритамот на тренинзите.

Advertisement

Северина макотрпно вежба за да биде постојано во форма, а нејзиниот тренер Марко Папа, за хрватскиот портал zadolojna.hr ја отркива тајната на нејзините заводливи колкови.

Тренингот е составен од вежби кои ги зајакнуваат мускулите и кои се изведуваат на справата TRX и кондиционите вежби „маринци“.
Вториот циклус во нејзиниот тренинг вклучува кардио вежби за кондиција, а се изведуваат на веслачки ергометар, орбитрек и велосипед.

Вежбите што ги прави Северина се осмислени за зајакнување на мускулите на целото тело поради природата на нејзината работа, додека за цврстите колкови Северина има посебни вежби кои постојано ги прави.

Advertisement

Станува збор за трите златни и наједноставни вежби кои се добри за секоја жена и кои можат да се прават дома, а Северина редовно ги практикува, вели Марко за порталот.

На прво место се чучњевите, потоа исчекорите и на крај маринци (станува збор за три последователни вежби во кои наизменично се прават чучењ, склек и скок во повторувања до десет пати).

Потребно е секоја вежба поединечно да се први во три серии по десет повторувања, а според Марко ваквиот тренинг за рекордно време дава одлични резултати и доколку претходно не сте се занимавале со спорт и не сте вежбале.

Па, вреди да се проба, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button