Реклама
Нега и здравје

Природни рецепти за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни

Реклама

Почнува периодот на настинки и вируси и затоа треба навремено да се погрижиме да го зајакнеме нашиот имунитет за поуспешно да ги избегнеме болестите.

Маркетинг

Ова посебно важи за децата кои одат во градинка и кои се постојано изложени на опасности поради престојот во затворен простор со други деца, меѓу кои редовно се појавува и некое настинато. Силниот имунитет значи отпорност на различни болести и со тоа и добро здравје. Во аптеките можат да се најдат голем избор на производи за зајакнување на имунитетот, од кои некои делуваат, а неки не. Сепак, вештачките производи не можат да ги заменат природните, посебно оние кои се докажале како извонредно ефикасни за лечење на разни болести.

Рецептите што ви ги предлагаме се извонредни на вкус и испробани во нивното дејство. Содржат состојки кои лесно можат да се набават по прифатливи цени. Освен што ќе ве штитат од болести, овие „витамински бомби“ се благи и вкусни и ќе ви ја задоволат потребата од благо, и на вас и на вашите деца, па нема да посегнувате по чоколади (толку често).

Изберете си ја рецептата која најмногу ви одговара и бидете здрави!

Маркетинг

Прв рецепт за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни:

Потребни состојки:

– 100 гр. суво грозје
– 150 гр. исчистени ореви
– 100 гр. бадеми
– кора од два лимони
– 100 гр. суви кајсии
– 100 гр. суви сливи
– 250-300 гр. мед
– по желба додадете и 100 гр. пињоли – плодови на бор кои се одлични за зајакнување на имунитетот

Измелете ги во машина за мелење месо сувото грозје, оревите, бадемите, пињолите и кората од лимон. Во смесата додајте го сокот од двата лимони чијашто кора претходно ја употребивте. Убаво измешајте па додадете ги сувите сливи и сувите кајсии и пак измешајте. На крај додадете го медот и пак промешајте. Ставете ја смесата во соодветна тегла и оставете ја да отстои на темно место 1-2 дена.
За деца постари од 3 години – 1 лажичка два пати дневно.
За возрасни – 1-2 лажици три пати дневно.
Теглата со витамини се чува во фрижидерот.

Втор рецепт за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни:

Потребни состојки:

– 250 гр. ореви
– 250 гр. бадеми
– 250 гр. лешници
– 250 гр. сусам
– 250 гр. ленено семе
– 1 кг. мед
– 1/2 кг. таан
– 1 кг. цедени лимони

Оревите, бадемите,  лешниците, сусамот и лененото семе убаво се мелат, се мешаат, па се додаваат медот, таанот и лимонот и пак убаво се промешува. Добиената смеса се става во тегли и се чува во фрижидер. Се јаде по 1-2 лажички дневно после јадење.
Овој рецепт се препорачува и за паровите кои се трудат да добијат дете. И двајцата партнери треба да ја земаат дневната доза витамини, редовно.

Трет рецепт за зајакнување на имунитетот за возрасни:

Потребни состојки:

– 200 гр. суви кајсии
– 200 гр. суви сливи
– 200 гр. суви смокви
– 200 гр. ореви
– 1 лимон
– 50 мл. ракија
– 250 гр. мед

Сувото овошје и лимонот со кората се мелат на машина за мелење месо. Во добиената смеса се додава ракијата и медот и убаво се промешува.

Се зема по една голема лажица пред оброк.

Теглата се чува во фрижидер.

Извор: Magazin.ba / znamo

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button