Реклама
Култура[тор]

Ексклузивно гостување на Мартин Робертс на осмото издание на Моден Викенд Скопје

Реклама

Како дел од осмото издание на Моден Викенд Скопје организаторите најавуваат бизнис проект кој ќе вклучува предавање од светски признатиот Мартин Робертс, професионалец со долгогодишно искуство во модната индустрија.

Маркетинг

Проектот е организиран во соработка со Британски совет во Македонија и претставува еден вид континуитет на нивните досегашни залагања за поддршка на креативните индустрии во Македонија.

Проектот е поделен во два дела:

– предавање на тема „Моден бизнис и промоција“ (за кое сите заинтересирани можат да се регистрираат со испраќање е-маил на goranfashionweekendskopje.mk)
– лични професионални консултации за кои е објавен конкурс.

Маркетинг

Настанот ќе се одржи во среда, 23.октомври 2013 година.

Мартин Робертс е ко-основач и директор на Fashon Scout London и Graduate Fashion Week.Неговото богато искуство во модниот бизнис вбројува менаџирање и односи со јавност за етаблирани и престижни брендови меѓу кои Boudicca, Basso&Brooke, задизајнерот на накит Lara Bohnic (Cartier, Gucci, Lanvin), брендовите Casio и BT Cellnet.Тој стои и зад обезбедувањето спонзорства за голем број дизајнери, вклучувајќи го и Chrostopher Kane.Во 2006. година, Робертс е ко-основач на Fashion Scout London кој е дел од најголемиот независен моден настан- Модна Недела Лондон и има одржано над 160 шоуа за промовирање на изборот за најдобри иновативни дизајнери, вклучувајќи ги David Koma, William Tempest, Peter Pilotto, Felder Felder и Jean-Pierre Braganza.Овогодинешното февруарско издание го посетија над 10.000 медиуми, купувачи и ВИП гости, што резултираше со значително медиумско покривање и покачување на продажбата на модните дизајнери.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button