Реклама
Хороскоп

Моден хороскоп за есен 2013 – Изгледајте најдобро!

Реклама

Сезоната Есен 2013 е пред нас, а со тоа и поладно време, што значи дека е треба да почнеме да размислуваме што ќе облекуваме во деновите кои ни претстојат.

modenhoro13

Маркетинг

Без разлика дали прецизно и педантно ја одбирате својата гардероба или едноставно ’потонувате‘ во септемвриските изданија, ние ви спремивме неколку совети, адаптирани за секој хороскопски знак посебно, како би ви помогнале да изгледате најдобро во овој прекрасен период од годината.

За оваа цел се имаат здружено светски познатите астролог Џоан Ривс и гуруто во стилизмот, Џони Барнејс, како најдобро би го анализирале и на тој начин дадат совети како најдобро да ги потрошите своите пари, кога е во прашање облекувањето и модата.

Овен

Маркетинг

modenhoro1

Сара Џесика Паркер ( 25 Март)

Џоан Ривс: Животот се враќа во целост оваа есен и време е да започнете да размислувате за нешто ново. Септември и октомври се месеци за забава и позитивни мисли, па затоа треба да свртите на светли бои и ги проширите сопствените хоризонти.

Џони Барнејс: Есента е толку многу возбудлива за нас, Овновите. Ова е толку забавна сезона, пто ќе се почувствувате дека можете да направите сé. Инвестирајте во кожно моторџиско палто за сигурен и моќен изглед, а како додаток може да ставите и слушалки кои ќе ги користите по потреба.

Бик

modenhoro2

Џесика Алба (28 Април)

ЏР: Во овој период се уште работите на долгорочни планови, па затоа по малку ви е преку глава од работа. За среќа Марс, планетата на енергијата, ú дава поддршка на вашата сила и решителност. Не сте расположени да трошите многу пари на големи нарачки, па затоа почестете се себе си со нешто мало, но вредно, како би си го подобриле расположението.

ЏБ: Биковите се силни, со стил и женственост, па истото се однесува и за нивниот начин на облекување. Обратете внимание на класичниот холивудски изглед, затоа што неговата опуштеност ви прилега. А откако веќе ќе ги набавите овие парченца, комбинирајте ги со шалови и шамии во разни бои. 

Близнаци

modenhoro3

Хајди Клум (1 Јуни)

ЏР: Додека летово го проширувавте својот свет со секакви додатоци на она што веќе го имате, сега е време да се фокусирате на суштинските работи. Размислувајте на чевли и чорапи кои што ќе ви прилегаат со нив. Не ви е неопходен нов комплетен изглед, едноставно треба да ставите ред на она што веќе го имате во својот плакар.

ЏБ: Ги сакам моите пријатели Близнаци поради нивната флексибилност и способност да бидат тренди. Инвестирајте во класичен но остар и опасен изглед. Пар на припиени фармерки со секси тесни и високи чизми – овој изглед ќе се задржи подолго време.

Рак

modenhoro4

Даен Кругер (15 Јули)

ЏР: Оваа година есента е сезоната за раковите. Јупитер, планетата на среќата е во вашиот знак, што значи дека може да остварите многу работи до крајот на годината. Воглавно сте доста внимателни во она што инвестирате, но овој период размислувајте за големи работи и набавки. Што е она што отсекогаш сте го посакувале? Што и да е, сега е време да се почестите себе.

ЏБ: Возбудлива вест за Раковите е дека следните денови ќе ви бидат нешто поопуштени и далеку посреќни. Почестете се себе си оваа сезона – сте биле добри толку долго време. Вашата способност да инвестирате во комфорни работи се пресликува убаво во луксузните ствари. Купете убав есенски капут и високи штикли за оваа сезона. 

Лав

modenhoro5

Мила Кунис (14 Август)

ЏР: Не сакам да бидам оној што носи лоши вести, но мора да ве предупредам да не се трошите премногу оваа есен. Нема многу место за нешто екстра, се до декември. Па затоа, размислите што е она во кое ќе посакате да сјаете во наредниот период, за време на празниците и купете ги истите работи нешто покасно. Вие го сакате вниманието кое може да ви го донесе изгледот, па затоа користете светли работи како аксесоари.

ЏБ: За оваа есен мој совет е да си купите накит каков што веќе имате, па така веднаш ќе пронајдете некој мал додаток кој што може одлично да се вклопи. Пар убави обетки со вашиот секси фустан ќе ви дадат сосема нов изглед.

Девица

modenhoro6

Бијонсе (4 Септември)

ЏР: Ноември и декември се многу добри месеци за здравје и стил. Венера, симболот на убавина, е во ваша наклоност, а тоа значи дека е време да додадете некои класични парчиња во вашата гардероба. Во овој момент не треба да бидете премногу пребирливи, па доколку нешто ве грее или пак ве прави да сјаете, ќе имате можност истото да го набавите. Ме грижете се премногу и бидете добри кон самите себе.

ЏБ: Есента е период во кој треба да се забавувате додека ги задоволувате вашите шопинг апетити. Бидејќи веќе имате комплетна гардероба (да не се залажуваме?) ставете се во тренд со нова чанта, високи потпетици до глуждовите и по некое парче накит. И не грижете се, сите овие предмети се безвременски.

Вага

modenhoro7

Ким Кардашиан (21 Октомври)

ЏР: Оваа есен ќе сакате да променете доста работи во вашиот живот, како на пример со кого ќе се гледате и што ќе носите. Ова е период на промени, па затоа најдобро е да се придржувате до едноставни работи. Задржете ги добрите луѓе во вашиот живот и не заборавајте дека квалитетот секогаш го победува квантитетот.

ЏБ: Пронајдете баланс оваа есен и уживајте во друштвеноста. Вагите се секогаш склони кон класичното, но со мали пресврти. Затоа одберете црно или војничко зелено палто кое ќе го комбинирате со темен лак за нокти.

Скорпија

modenhoro8

Алекса Чанг (5 Ноември)

ЏР: Па, би сакала работите да се подобри, но се уште не се. Држете ја вашата спиритуална страна високо и тргнете ги настрана мрачните чувства. Единствен нешто што во овој период можете да го контролирате е самиот себе. Какво и да ви е расположението, облечете светли бои со што ќе му кажете на светот дека сé е во ред. Наскоро среќата ќе им се придружи на вашите желби.

ЏБ: Купувајте светли работи, како би ја ’подигнале‘ вашата гардероба, заедно со вашето расположение. Изберете нешто женствено на кое што ќе ставите свој печат. Скорпиите се едни од најсложените знаци и секогаш сакаат нешто специфично и интимно. Цветен фустан би бил добра промена на сите тие неутрални парчиња кои ги имате во вашата гардероба.

Стрелец

modenhoro9

Линдзи Прајс (6 Декември)

ЏР: Време да се споите со вашата прекрасна и хуманистичка страна. Доколку оваа сезона не можете некаде да заминете, направете го тоа во својот ум, тоа ви е најсилното оружје.

ЏБ: Оваа сезона е многу ’просветлувачка‘ за сите девојки стрелци, па зошто тоа и да не го покажете? Облечете кремасти алишта и комбинирајте ги со златни аксесоари, за изглед кој е и женствен и моќен.

Јарец

modenhoro10

Кејт Мидлтон (9 Јануари)

ЏР: Венера е во вашиот знак оваа есен, па очекувајте го најдоброто. Вие воглавно сте претпазливи и помалку конзервативни во изборот, но јас ќе ви предложам оваа есен малку да ’одлепите‘ и се пробате во нешто ново. Можеби ќе се изненадите на позитивните реакции на кои ќе наидете.

ЏБ: Дозволете си себе си оваа сезона да бидете малку повеќе предизвикувачки настроени. Со гардероба конзервативна како вашата, потребна ви е малку забава, како фустани во на гепард или зебра шари. Верувајте ми, ќе знаете точно кога да ги облечете овие парчиња, како што ќе ја ’тренирате‘ вашата дива страна наредниве месеци.

Водолија

modenhoro11

Ема Робертс (10 Февруари)

ЏР: Време да станете сериозни и вашиот изглед би требало да сугерира на некој кој што владее со цела империја. Облечете се во нешто класично и нема шанси да погрешите. Исто така можеби е време да се придружите на друга група, па размислувајте на надополнување на вашето образование.

ЏБ: Разновидноста е клучна и неа може да ја имате доколку набавите остро и карирано палто. Карираните бои може да ги комбинирате со класични или пак рокерски чизми.

Риби

modenhoro12

Џесика Бил (3 Март)

ЏР: Дотерување е важно во овој период од годината, па затоа обратете внимание на аксесоарите. Барајте светли и светкави нешта за да го подигнете сопственото расположение, но обратете внимание на негата на кожата и косата.

ЏБ: На кратко кажано, она што во оваа сезона ви треба е небесно син џемпер и некои додатоци кои ќе одат со истиот тон. Исто така носете и комбинирајте ја вашата омилена боја.

Извор: Huffingtonpost.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button