Лимонот има многу корисни состојки кои го помагаат слабеењето и овозможуваат да се одржува нормална телесна тежина.
Лимонот помага во излачувањето на вишокот течности и смалувањето на целулитот. Претставува одлична помош за детоксификација на организмот, ја успорува асимилацијата на маснотиите, ја блокира синтезата на холестерол и помага при согоревањето на маснотиите. Поради големата количина на витамин Ц делува како антиоксидант што помага ткивата и кожата подолго да останат млади. Поради мноштвото минерали, лимонот е добар и за отстранување на уморот. Лимонот ја поттикнува работата на дигестивните ензими, а содржи и калиум, кој го неутрализира претераното лачење на желудечна киселина. Познато е и неговото позитивно дејство во борбата против акни и разубавувањето на кожата. Еден лимон има само незначителни 10 калории што го прави одлична состојка на многу диети.
Диетата со лимон вклучува умерена исхрана и пиење на вода со лимон во текот на денот, според следниов прилично едноставен распоред:
ПРВА СЕДМИЦА
ден 1 – исцедете 1 лимон во 1 литар вода;
ден 2 – 2 лимона во литар вода;
ден 3 – 3 лимони во литар вода;
ден 4 – 4 лимони во литар вода;
ден 5 – 5 лимони во литар вода;
ден 6 – 6 лимони во литар вода;
ден 7 – 7 лимони во литар вода!
ВТОРА СЕДМИЦА
ден 1 – исцедете 1 лимон во 1 литар кисела вода;
ден 2 – 2 лимона во литар кисела вода;
ден 3 – 3 лимони во литар кисела вода;
ден 4 – 4 лимони во литар кисела вода;
ден 5 – 5 лимони во литар кисела вода;
ден 6 – 6 лимони во литар кисела вода;
ден 7 – 7 лимони во литар кисела вода!
ТРЕТА СЕДМИЦА
ден 1 – исцедете 7 лимони во 1 литар кисела вода;
ден 2 – 6 лимони во литар кисела вода;
ден 3 – 5 лимони во литар кисела вода;
ден 4 – 4 лимони во литар кисела вода;
ден 5 – 3 лимони во литар кисела вода;
ден 6 – 2 лимони во литар кисела вода;
ден 7 – 1 лимон во литар кисела вода!
Мал совет:
Доколку ги чувате лимоните во фрижидер, пред да ги исцедите, оставете ги да постојат на собна температура, бидејќи така од нив ќе исцедите повеќе сок!