Реклама
Хороскоп

Хороскопот и летните љубовни романси

Реклама

Со Раковите, Рибите и Лавовите летните романси изгледаат како остварување на соништата. Близнаците и Стрелците се ’сериски заводници‘, а Девиците и Јарците се мета на заводниците.

letnaromansa1

Маркетинг

Кај Овновите авантурата е цел

Високите температури, оскудната облека и комбинацијата со алкохол припадниците на овој знак ги поттикнува на заведување, посебно на плажа. Нивната страствена природа има овозможува лесно да заведуваат, но и да бидат заведени. Не смеете да се залажувате, длабоките емоции немаат врска со тоа. Се додека постои хемија, летната авантура и бескрајните бакнежи на плажа ќе им бидeтe интересни, но штом ќе започнеte разговор за секојдневните работи, сето тоа ќе го снема!

Бикот е заводник во кафуле на плажа

Маркетинг

Климатизираните простории, удобни лежалки, коктели, ова се идеални моменти за летна романса на Биковите. Следен чекор во зближувањето е романтична вечера со многу вкусна храна, а во авантурите хедонистички ќе уживаат со сите сетила. Тогаш дури ќе му го свртат грбот и на друштвото со кое отишле на одмор. Лоша работа е што нивните афери траат кратко време.

Со Близнаците не постои крај на забавата

Припадниците на овој знак лесно може да се препознаат. Обично носат минијатурен костим за капење, најгласни се во друштвото и постојани двигатели за забава. Најлесно заведуваат преку спортот, играјќи со топка, бадмингтон (!) или одбојка. Доколку успеете да ги вовлечете во разговор кој ќе потрае подолго од неколку минути, големи се шансите да бидат заинтересирани, но морате да бидете спремни за една активна романса во која постојано некаде ќе одите и ќе бидете опкружени со други луѓе.

letnaromansa2

Ракот аферата ја претвора во љубов

Припадниците на овој знак долго ќе ја набљудуваат својата мета пред да решат да ú пријдат, а откако тоа ќе го сторат, најверојатно веќе ќе бидат помалку вљубени. Во романса ќе влезат сериозно и за кратко време ќе развијат длабоки чувства, па другата страна ќе мора тоа да го има на ум, да не влегува во романса со нив, особено ако не се подготвени за долга врска.

Лавот е идеален материјала за летна романса

Опуштени, желни за внимание и љубов, припадниците на овој знак како да се создадени за летна љубов. Бидејќи добро изгледаат, ќе ве заведат со својата физичка харизма и изглед на плажа, но дури во подлабок разговор ја откриваат својата нежна и романтична страна. Со нив може да очекувате прошетки покрај морето, вечера на зајдисонце, но и будење во зори на плажа.

letnaromansa3

Девицата сака забава без никакви обврски

Коктел во едната, мобилен во другата рака и мозок ’на пасење‘, е опис за однесувањето на припадниците на овој знак, кои во текот на целата година се контролираат, но на годишниот одмор комплетно се опуштаат. А бидејќи не се склони кон такво (за нив разуздано) однесување, во својата глава однапред ги ограничуваат љубовните авантури на краток рок и многу уживање, а при споменување за продолжување на романсата, ќе избегаат како од болест!

Вагите сакаат летни љубови, со многу романса

Романтичните припадници на овој знак знаат добро што се летни романси, но и во нив се однесуваат како и во секоја друга врска и бараат многу романтика, комплименти и заведување. Ретко е самите, први да пристапат на симпатијата, но сосема случајно ќе се затекнат на истото место каде што и самите тие би можеле да бидат. Неколку убаво поминати денови со Вага ќе ви донесат убави сеќавања за цел живот, но само за оние кои се спремни добро да се потрудат во освојувањето.

За Скорпијата летото е време за нови освојувања

Гитара, топка и чадор за сонце, било што кое би можело да послужи како реквизит со кој овие мајстори на заведувањето го ’демнат со своите жртви‘. Повеќето припадници на овој знак се желни за летни авантури и ретко го одбиваат истите, дури и ако другата страна се наоѓа во сериозна врска или брак. Сепак, може да се случи самите себе да се излажат, па наместо кратка и слатка летна афера, неповратно да се заљубат тогаш кога тоа најмалку го очекуваат.

letnaromansa4

Стрелецот сака необични сценарија

Плажата е идеално место за релаксација на припадниците на овој знак, а таму самоуверено ги привлекуваат погледите со своето екстровертно однесување. Ќе ги освоите со повик на банџи, параглајдинг или возење со скутер. Нивните бакнежи ќе бидат страствени, изјавите сериозни и желбата јака. Но тоа најмногу може да се препише на влијанието на летото, отколку на трагот кој на нив го оставила другата страна, затоа што тие лестопати се лабилни личности Стрелците само уживаат и во тоа се многу добри.

Јарецот не може ни самиот да се препознае

Ладнокрвните и промислени припадници на овој знак, летото секоја година наново ги заведува, па се однесуваат многу послободно и без претерана грижа за последиците на своите дела. Нема самите да ú пристапат на симпатијата, туку како примадони ќе чекаат нив да им се пристапи, како би ги држеле конците во своја рака. Сексапилот и ослободената страст ќе ги направат привлечно за секого.

letnaromansa5

Водолијата ќе привлече необични личности

Читање поезија, свирање на гитара и филозофски разговор со чаша вино се ситуации во кои Водолијата одлучува дали ќе започне да заведува. Како и обично, нема да ги привлече некој само изгледа добро, туку многу им е важно и другата страна да зрачи со шарм и харизма. Сепак, колку нивните намери и да изгледаат посериозни од обична авантура, нема големи шанси дека покасно ќе се јават.

Рибите се сензуални и не ги штедат емоциите

Припадниците на овој знак се летни љубовници кои секој ќе ги посака – сензуални, диретни и романтични. Заедно може да одите на нуркање по школки или пак и само да се држите за рака додека го посматрате ѕвезденото небо, а чувството на љубов со нив е загарантирано. На крајот од вашето дружење ќе пуштат искрена солза, така да со нив другата страна не може да се почувствува искористено, дури и ако биле само неважна мета за заведување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button