Како што темпретатурите почнаа да стануваа се поинтересни, кусите шорцеви стануваат се понеопходни.
Карлеуша во шорц и високи римјанки …
Тие се крајно практични за во летните месеци, а воедно изгледаат и мошне секси, па токму затоа секоја девојка треба да ги има во своите плакари.
Но, што е она што смееме, а што не да комбинираме со нив?
НЕ носете бел шорц ако НЕ сте исончани
Бел шорц на неисончани нозе може да биде вистински кошмар. Со толкав број на средства за самопотемнување низ продавниците, треба да целите кон совршениот тен на прекрасната русокоса Роси Хантингтон-Вајтли.
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И ОВА:
Женски патики by Бершка, Манго и Асос: Топ 10 модели за пролет-лето 2016 »
НЕ носете куси шорцеви и чизмички, освен…
Оваа девојка носи куси шорцеви со прекрасен модел на чизмички и резултатот е совршен „бохо“ стил. Но, доколку не сакате визуелно да ги скратите нозете (што очигледно не и е проблем на Попи!), подобро е шорцевите да ги носите со високи потпетици или сандали.
Големо ДА – шорц и кошула!
Уф.. па зарем Алесандра Амбросио не знае како се прави тоа!?
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И ОВА:
Фантастични фустани од полиците на шпанскиот бренд Манго »
НЕ – кусите шорцеви НЕ се за излегување!
Колку и да изгледате секси во вашите нови тексасни шорцеви тие сепак треба да останат за преку ден! Освен ако не сте Кара Делевињ, секако!
Не, никако! Џебовите нека останат внатре!
И покрај тоа што Мирослава Дума се појави во куси тексасни шорцеви од под кои ѕиркаа џебовите, ние ве советуваме да не го правите тоа. Едноставно, има нешто што боде очи во оваа комбинација, а претпоставуваме дека не би сакале да се најдете во таква ситуација.
Големо ДА – шорцеви и кул старки!
Тексас шорцеви и омилените старки – слатко како Алекса Чанг, британската ТВ водителка, модел и соработничка-уредник на престижниот Вог, нели?
НЕ покажувајте повеќе од потребното!
Без разлика каков материјал носите под шорцот, најдобро ќе биде да останете пристојни и да не покажувате повеќе од она што треба. Оваа девојка можеби изглед секси.. но сепак, овој мистериозен задник и припаѓа на Мајли Сајрус, а нејзе тоа и е дозволено, а башка што тоа и се очекува од неа, но не и од нас … :)
Па, девојки, дали некој од овие совети ви изгледа корисен?
oтвори галерија » |