Диети

Еве како најбргу се губат килограми

Реклама
Реклама

Кога зборуваме за елиминирање на несаканите килограми, тешко дека ќе се најде поделотворна телесна активност од трчањето…

jogiranje1

Маркетинг

Со трчањето, џогирањето, ќе согорите калории и ќе ослабите, без да морате да го ограничувате внесувањето на храна.

Зошто трчањето е најдобрата телесна вежба за губење на килограми?

jogiranje2

Маркетинг

1. Делува и кога ќе застанете.  

Високо интензивниот тренинг како трчањето, го стимулира и забрзува метаболизмот. Кога ќе се споредат трчањето и одењето, студиите покажуваат дека трчањето ќе доведе до поголемо губење на килограми. Најверојатно затоа што метаболизмот е забрзан и кога ќе престанете да трчате. Долгорочна студија во која се споредуваат трчањето и одењето покажува дека трчањето доведува до 90 % поголемо губење на несаканите килограми.

2. Одлично искористено време од тренингот

Дури и кога митот дека со трчање и одење иста километража се согоруваат ист број на калории би бил точен, со трчањето тие сепак побргу се согоруваат. Повеќето луѓе џогираат два до три пати побргу отколку кога нормално се движат. Од друга страна пак интензивните кратко серии вежбање, кои во последно време се сé повеќе популарни, како што е седум минутниот интензивен тренинг, може да резултира со поголемо согорување на калории по минута. Но овој тренинг трае кратко време, па со трчањето повторно се губи повеќе.

3. Трчањето е практично и евтино

Една од подобрите особини на трчањето е што можете да трчате било каде, сами или во друштво, а од финансиска гледна точка, скоро и да не ви треба некоја посебна опрема од чија цена ќе ве боли глава. За разлика од членувањето во некој клуб, трчањето е бесплатно и можете да џогирате било каде и да се наоѓате!

jogiranje3

4. Носи чувство на еуфорија

За да издржете и да направите континуум во трчањето, треба да ги поминете првите напорни фази (кои траат најмногу до еден месец, но обично пократко) и потоа да уживате. Студиите го истакнуваат она кое што повеќето кои трчаат го знаат и самите – трчањето доведува до еден вид еуфорија! Без разлика дали е умерено или пак интензивно, трчањето поттикнува лачење на супстанции слични на морфиумот, ендоканабиноиди. Значи, ендорфинот не е одговорен за повре3мената појава на еуфорија која се јавува во текот на трчањето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button