Летото е веќе започнато и едно од прашањата на многу девојки во моментот е дали нивните стапала се спремни за сандали?
Ако уште не сте се погрижиле за вашите нозе пред почетокот на летото, време е да го направите тоа. На тмурните и дожделиви дни им дојде крајот, па време е да скокнете во омилениот чифт сандали. Што треба претходно да направите за вашите стапала?
Крем со алфа-хидрокиселини
Ако сакате вашите стапала да бидат во совршена форма за летото, задолжително набавете крем со алфа-хидрокиселини, кој ќе ви помогне да се ослободите од мртвите кожни клетки, кои само се трупале во текот на зимата. Оваа крема користете ја продолжително во текот на неколку ноќи и ќе бидете презадоволни од неверојатниот ефект.
Накиснете ги нозете во масло од чајно дрво
Маслото од чајно дрво е едно од најефикасните етерични масла. Тоа се користи за најразлични кожни проблеми. Во овој случај ќе ви помогне да ги отстраните микробите од вашите стапала. Капнете неколку капки од ова лековито масло во топла вода и потопете ги вашите нозе. Тоа ќе ги направи меки како бебешко газе.
Хидратирајте ја кожата на нозете
Како вашето тело, така и вашите стапала имаат постојана потреба од хидратација. Нанесувајте мала количина на хидратен лосион секое утро на стапалата. Со тоа кожата на вашите веќе подготвени за лето стапала, ќе стана уште по мека.
И на крај лакирајте ги вашите нокти со цветен лак
Ако сакате да имате убави стапала, тогаш лакот е задолжителен, и тоа, во колку што е можно по јака боја, за ова лето. Пробајте некој од зелените, сините и портокаловите нијанси !
И вашите нозе се подготвени да зачекорат по песочните плажи!